Покрај убавините на Охрид и езерото во спотот ќе се најдат и Вевачнските извори и рекаат Црн дрим како и гастрономски специјалитети од регионот. Од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот очекуваат од 22 јуни со отворање на хотелите за домашните гости а од средината на јули со гости и од регионот да започне туристичката сезона.
Убавините на Канео, белите едрилици, манастирскиот комлекс Свети Наум, Галичица ќе бидат дел од промотивниот спот на кампањата „Дома си е дома“, што денес се снимаат во Охрид. Во спотот ќе бидат вметнати и Вевчанските извори , мостовите на Струга, реката Црн Дрим и гастрономските специјалитети од регионот.
„Во план се 10 дестинации каде што ќе бидат прикажани повеќе од 60 тина атракции кои што ќе може да се посетта во Македонија и се надеваме веќе дека следната среда ќе го имаме и промовирањето на првиот спот. Кампањата ќе оди освен на социјалните медиуми и по одреден број на ТВ и се надеваме дека до 22 со можноста за отворање на хотелите веќе ќе започне туристичката сезона за домашните гости“, вели Љупчо Јанески директор на Агенцијата за промоција и поддршкана туризмот.
Оваа година поради пандемијата во главниот фокус се ставени привлекување на што поголем број домашни туристи.
„Очекуваме дека оваа година ќе се потрудиме и ке успееме да имаме нешто повеќе од 2 милиони ноќевања на домашни туристи а исто така веќе од средината на јули очекуваме да се релаксира состојбата да бидат отворени границите и да очекуваме гости од регионот за кратки посети“, додава Јанески.
Во промотивните спотови, кои од идната среда ќе се емитуваат се вклучени и пораки од јавни личности кои препорачуваат одмор во земјава. За оваа кампања предвидените парични средства од Владата се донирани во фондот за Корона, а пари Агенцијата обезбеди од странство.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град