ДЕНЕСКА СЕ ПРАЗНУВА пророк св.Илија – „ИЛИНДЕН“

Православните христијани денес на 02 август, го празнуваат пророкот Св. Илија-ИЛИНДЕН, еден од најголемите празници.

 |   | 
Православните христијани денес на 02 август, го празнуваат пророкот Св. Илија-Илинден, еден од најголемите празници.
Свети Илија беше Евреин. Живееше далеку пред Христа. Потекнуваше од градот Тесвит, по што и беше наречен Тесвиќанец. Кога се роди, околу него татко му виде Божји ангели како го повиваат во оган и го хранат со пламен, што укажуваше на неговата подоцнежна пророчка служба. Младоста ја помина во постојано богомислие и во молитва, честопати повлекувајќи се на пусти места.
Прорече многу настани и направи голем број чуда со силата Божја, што беше во него. Пред крајот на неговиот земен живот го избра за свој наследник пророкот Елисеј, а потоа се вознесе на небото во огнена кочија, Се јави пак при Христовото преображение, а ќе се појави и пред второто Христово доаѓање.
Именден празнуваат: Илија, Илко, Илинка, Илинденка, Илина, Иљо, Илчо…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top