Нашиот народ два пати го празнува споменот на свети Атанасиј Велики. На 31/18 јануари се празнува празникот Танасовден ‒ зимен, а на 15/2 мај Танасовден ‒ летен.
Нашиот народ два пати го празнува споменот на свети Атанасиј Велики. На 31/18 јануари се празнува празникот Танасовден ‒ зимен, а на 15/2 мај Танасовден ‒ летен.
Именден празнуваат: Атанас, (доаѓа од грчкото Атанасиос и значи бесмртен), Атанаска, Танас, Тане, Танаска, Насе, Насте…
Свети Атанасиј, наречен Велики е роден во Александрија во 295 година. Едно време минал во пустина заедно со свети Антониј Велики. По враќањето во Александрија станал архиѓакон во Александриската црква.
Учествувал на Првиот вселенски собор и иако млад се истакнал со познавање на Светото писмо и со говорништвото. Неговите дискусии имале главна заслуга за победата против ариевската ерес и биле содржани во заклучоците од Собирот, на кој биле осудени еретикот Ариј и неговите приврзаници. Со тоа си го навлекол врз себе гневот на ариевците кои често го клеветеле кај царот. Но со својот углед и христијанскиот начин на живеење свети Атанасиј секогаш успевал да се одбрани од овие клевети. Веднаш по Првиот вселенски собир на 8 јули 326 година на барање на народот од страна на епископите бил поставен за архиепископ на александриската црква каде што останал долго време.
По поразот на Никејскиот собор ариевците се обиделе да се вратат во црквите. Тие издејствувале од царот да се заложи кај архиепископот Атанасиј да биде повлечена анатемата, но тој тоа не го дозволувал. Најпрвин ја одбил сугестијата на цар Костадин да биде потолерантен кон ариевците, а потоа ја одбил и наредбата на царот, еретикот Арие да го врати во црквата. Поради тоа бил наклеветен како бунтовник и бил протеран во Галија. Тогаш царот инсистирал кај цариградскиот архиепископ Александар да го врати Арие во црквата по што овој цела ноќ се молел на Бога да не дозволи црквата да биде испоганета. Утрото кога Арие тргнал да влезе во црквата следен од своите многубројни приврзаници почувствувал болки и веднаш умрел на патот.
Уште четири пати свети Атанасиј бил протеруван во прогонство, за време на Констанциј синот на Константин, за време на царот Јулијан Отстапник и за време на царот Валент. Сиве овие владетели им биле наклонети на Ариевците. Така свети Атанасиј во прогонство минал цели дваесет години. Умрел на 2 мај (ст. стил) 373 г.
Една легенда за Свети Атанасиј вели :
До денес живее приказната за тоа како ѓаволот го искушувал Свети Атанасиј маскирајќи се во најубавата девојка која го примамила да се одрекне од Бога и да и се придружи во обожавањето на нечесните.
Свети Атанасиј ја сфатил оваа измама и ја замолил девојката да му ја покаже силата на ѓаволот скокајќи во мал ќуп. Таа го сторила тоа, а монахот веднаш го затворил садот и го фрли во морето. Легендата вели дека теглата лебдела со години, сè додека не ја пронашле рибарите кои ја отвориле. Така излегол ѓаволот, па дури и денес талка по светот примамувајќи и расипувајќи луѓе.
Поради ова, старите велат дека штом грми, ѓаволот мисли дека оди Свети Атанасиј, се плаши и веднаш скока во садовите. Затоа е важно денес сите садови да бидат затворени убаво.
Во некои делови на соседството, Свети Атанасиј го слават мелничарите кои веруваат дека на овој ден ѓаволите демнат во вирови, па дури и водениците денес нема да работат добро.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град