Денес во Охрид ќе бидат презентирани возилата и специјализираната опрема за спасување во зимски услови, набавени во рамки на проектот „Нови можности забезбеден зимски авантуристички туризам“.
Денес во Охрид ќе бидат презентирани возилата и специјализираната опрема за спасување во зимски услови, набавени во рамки на проектот „Нови можности забезбеден зимски авантуристички туризам“.
Настанот ќе се одржи на Кеј Македонија, пред хотелот Нова Ривиера. Се очекува обраќања да имаат амбасадарот на ЕУ во земјава, Дејвид Гир, министерот за локална самоуправа, Горан Милевски и градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески.
Проектот „Нови можности забезбеден зимски авантуристички туризам“ е финансиран од Европската унија, преку ИПА2 Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р. Северна Македонија и Р. Албанија и Министерството за Локална Самоуправа, а го спроведуваат Црвен крст Охрид, општините Дебрца (Р. Северна Македонија) и Грамш (Р. Албанија), и Алпинистичкиот Клуб ПАТАГОНИЈА-Охрид.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град