Денес се слави Успение на Пресвета Богородица

Овој празник го слави успението, воскресението и прославувањето на Божјата мајка и нејзиното преселување во Царството Божјо во полнотата на нејзиното духовно и телесно постоење.

 |  Голабовски Крсте  | 
Kamensko
Каменско

Православните христијани денес го слават празникот Успение на Богородица или Голема Богородица. По две недели пост, синоќа со вечерни богослужби во сите храмови на Македонската православна црква почна одбележувањето на празникот. Уште од раните утрински часови, река луѓе се упатија кон најблиските храмови, да се помолат за здравје и среќа за себе и за своите најблиски. Верници од сите краишта на земјава и странство денес ги посетија храмовите во Охрид кои го носат името на мајката божја.

NektarijПразнувањето на Успението на Богородица е празнување на фактот дека сите луѓе се високо воздигнати во благословеноста на сепобедливиот Христос, и дека токму ова воздигнување е постигнато во Богородица Марија. Парохискиот свештеник, Никола Христоски истакна дека овој празник е знак, сигурност и славење на исполнувањето на сите оние животи, чии души Го слават Бога, целосно посветени на слушање и одржување на Божјото Слово кое е дадено на луѓето преку Богодетето на Марија, преку Спасителот на светот.

„Овој празник се нарекува успение или Голема Богородица и е денот кога пресвета Богородица починала и требало да ја предаде нејзината душа на нашиот Бог Исус Христос.Се нарекува успение, а не смрт бидејќи во православната црква и православните верници треба да  веруваат дека смртта не постои, откако воскресна Исус и ја победи смрта, така и нашата смрт ќе претставува само едно успение, еден сон. Токму затоа и го празнуваме овој празник, кој е праслика на воскресението и кој уште повеќе ја зголемува нашата надеж дека ние можеме да ја победиме смрта и да воскреснеме заедно со нашиот Христос“ вели Христоски.

verniciХристоски објасни дека Светата православна црква, го слави овој празник, со свечени богослужби од кои централено место зазема светата литургија. Инаку прославата на празникот во Црквата Св богородица каменско, започна сионќа во 17ч, со вечерна богослужба и со вадење на иконата на Успение на Пресвета Богородица. Прославата продолжи денес со свечена утрена богослужба и свечена литургија на која сослужуваа повеќе свештеници од Охрид, а чиноначалствуваше неговото виско преподобие игунемот архимандрит Нектариј од манастирот Св. Наум Охридски. После тоа беше прекршен и празничниот колач, а се обави и чинот на мал водосвет.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top