Првиот ден или почетокот на Велигден најголемиот празник за православната црква и религија. Главно за овој значаен ден од Страдалната седмица е дека Господ Бог тогаш ги востанови двете суштествени тајни за нашето спасение: Светата евхаристија и Исусовата. Со други зборови, на Велики Четврток почнува светотаинскиот живот на Црквата. Денот започна со Христовите последни поуки за карактерот на љубовта што треба да ја стекнеме ако сме Негови, Неговото смирение. А заврши со предавството на Богочовекот Исус Христос на првосвештениците и фарисеите, извршено од Јуда Искариот, еден од бројот на Дванаесеттемина најблиски Христови ученици.
Пропратен со Велигден е Велигденскиот пост кој трае 40 дена, додека последната седмица се нарекува Страдална седмица. Специфичeн за оваа седмица е начинот на постот поради тоа што во оваа седмица саботата е единствена сабота која се пости без масло.
Посебно внимание се посветува на вапсувањето велигденски јајца. Домаќинката, најпрво вапсува три црвени јајца, а првото јајце е наменето на Господ и се вика Господово јајце.Обичаите и верувањата поврзани со првото јајце се во знак дека тоа поседува заштитна моќ . Се чува пред семејната иконата и неговата функција е да го штити домот од пожар, гром и разни несреќи, а се верува дека има исцелителни моќи и за луѓето и за стоката. Охриѓани, пред многу години црвеното јајце го користеле да ги смират езерските бранови кога рибарите одеа на риболов,a се верува дека ова јајце поседува моќ која може да го растера и најлошото невреме.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град