Денес и во Охрид ќе се одржи протест против полициската бруталност, после Скопје, Битола, Прилеп, Струмица, Кавадарци и Куманово.
Денес и во Охрид ќе се одржи протест против полициската бруталност, после Скопје, Битола, Прилеп, Струмица, Кавадарци и Куманово
Протестот е најавен со почеток во 18:00 часот, пред споменикот на Кирил и Методиј на градскиот кеј. Организаторите на совијалната мрежа Facebook велат:
По неделните настани, обелоденувањето на снимките на кои се потврдува скривањето на убиството на Мартин Нешковски од страна на власта, и протестот во Скопје, и Охрид се приклучува на протестите против полициската бруталност! Охрид гордо стои до Скопје, Битола, Прилеп, Струмица, Кавадарци и Куманово исправено, сите солидарно за подобро утре и додаваат дека од пред споменикот на Кирил и Методиј ќе се маршира до пред Полициската станица во Охрид.
Организаторите ги повикуваат охриѓани на масовност преку социјалните мрежи и додаваат дека „е време да и` се каже СТОП на полициската бруталност“.
– Драги охриѓани, движењето Стоп за полициска бруталност не е централизирано движење, и е целосна хоризонтална структура. Движењето сме сите! Затоа и немаме капацитет да ги модерираме и да се грижиме за тонот и јазикот во настаните. Овде гледаме многу гнев и шпекулации. Не наседнувајте на лутината на оние кои профитираат од моменталната ситуација и сакаат да го заштитат тоа. Тука сме сите со една цел, подобро утре за нас и нашите деца. Се додека има желба да се биде на улиците и да се бара правда, така треба и да биде! Храбро Охрид, порачуваат на профилот на Фејсбук од движењето Стоп за полициска бруталност.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град