Под мотото „Спортувај за мир („Sport 4 peace“), клубот Фитформ од Охрид, на 12-ти август ќе организира фитнес и аеробик настан на отворено.
Под мотото „Спортувај за мир („Sport 4 peace“), клубот Фитформ од Охрид, на 12-ти август ќе организира фитнес и аеробик настан на отворено.
Настанот ќе трае до 19-ти август.Оваа практика започна изминатите години, а лани заинтересираните рекреативци и професионални спортисти имаа можност да спортуваат организирано на Градскиот плоштад.
Оваа година овој вид на настан ќе биде во сосема поинакво издание, кое ќе привлече голем број на заинтересирани граѓани, кои го одбираат здравиот начин на живот.
„Фитформ“ ќе го организира овој масовен спортски настан во соработка со фитнес клубот „Fit4free“ од Ротердам и со Туниска Младинска асоцијација. Во рамките на фитнес настанот, ќе има вежби на плажа, утринска јога, вежбање на отворено на различни локации низ Охрид, а исто така ќе има и вежби кои бараат поголема физичка подготвеност, кои, пак ќе бидат предизвик за лицата кои професионално се занимаваат со фитнес.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град