Денес се чествува Велики петок

За овој ден Црквата пропишува најстрог пост, денот да помине без јадење и пиење, освен за немоќните и престарените, во знак на таговно сеќавање на настаните од она време.

 |  Голабовски Крсте  | 
sveki
свеќи

Денес се чествува денот кога се споменува смртта и погребението на Господ Исус Христос и неговото слегување во адот. Овој ден претставува стожерна точка во Страдалната седмица кој минува  во знакот на тагата. За овој ден Црквата пропишува најстрог пост, денот да помине без јадење и пиење, освен за немоќните и престарените, во знак на таговно сеќавање на настаните од она време.

„ Денес е моментот кога Христос се симнува од крстот и се извршува опелото на нашиот Господ Исус Христос, потсетувајќи се на оние кои го распнаа и ние кои постојано го распнуваме со нашите прегрешенија со нашите гревови и стремејќи се кон покајание и усовршување на нашиот живот, како не би продолжиле и понатака да го распнуваме“ вели Отец Диме.

oltarСпоред преданието, Исус Христос починал на крст во „шестиот час на денот, а завесата на ерусалимскиот храм во истиот тој час се преполовила, сонцето се замрачило, мртвите станувале од гробови, а сите ѕвона се распукале“. Оттогаш, на Велики петок бијат дрвени ѕвона, а камбаните не ѕвонат се до недела кога првпат се огласува радоста на Христовото воскресение а понекогаш и олтарот во црквите е покриен со црно. На тој ден не се прават крштевки и венчавања.  Времето на смртта и симнувањето на телото Христово од крстот во Црквата се одбележува со вечерно богослужење и со посебен ритуал на изнесување на покривката, на посебно украсена маса пред олтарот кој го симболизира гробот на Христос. Според христијанското учење, заедно со невиниот распнат Исус, страдал и Господ. Затоа, Велики петок  истовремено претставува и одговор на христијанството на се што е лошо во светот.

„ Ова се моментите кои нам би ни претставувале едно усовршување во ова чествување за да го доживееме празникот кој доаѓа во една радосна атмосфера доколку навистина, од дното на душата и срцето го анализираме нашиот живот и ги анализираме нашите постапки“ објаснува Отец Диме.

Така, Христијанството станува религија на крстот, а крстот станува симбол на сочувство и на избавување од смртта. Иако Велики петок е сосем во знакот на тагата за христијаните, меѓутоа, крстот е симбол и на спасение и избавување.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top