Денот на македонската револуционерна борба, Општина Охрид свечено го одбележа

„Да живееш значи да се бориш, поробениот за слобода, а слободниот за совршенство“. На оваа мисла од великанот Јане Сандански,  Градоначалникот Никола Бакрачески денес ги потсети гостите кои присуствуваа на свеченоста по повод денот на македонската револуционерна борба.

 |  Јаковлева Лионела  | 
proslava
прослава

 

Возвишено, гордо, достоинствено и исправено одбележуваме 120 години од судбинскиот момент кога беше одредена историјата на македонскиот народ, рече градоначалникот Никола Бакрачески во денешното обраќање по повод денот на македонската револуционерна борба. Тој се наврати назад во 1892год. Кога во Солун шестмина мажи, револуционери и пред се македонци ја поставиле структурата на организацијата и ги втемелиле идеите за создавање сопствена македонска држава.

Иако низ годините се менуваа називите, две придавки секогаш беа стожерот на името на оваа организација. Тоа се македонска и револуционерна. Таа растела се менувала, се модифицирала, но секогаш се борела за правата на македонскиот народ и била негов заштитник, подвлече градоначалникот.никола бакрачески

Бакрачески рече дека битката за слобода не започнала со ВМРО,   но ВМРО била таа која создала цврста организација која имала многу повисока цел, а тоа е создавање на стабилни, трајно и силно движење за ослободување кое ќе дејствува низ долг временски период се до извојување на нацилнална победа.

Ако прашањето за Македонија не се реши онака како што сака македонскиот народ, тогаш никогаш не ќе престане револуционерната борба, Бакрачески се повика на зборовите на Тодор Александров

Бакрачески во неколку наврати потсети на мислите на големите великани како што е Јане Сандански кој рекол „Да живееш значи да се бориш, поробениот за слобода, а слободниот за совршенство.

Инаку, на свеченоста по повод денот  на македонската револуционерн борба присуствуваа советници, директори на ЈП,  претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Атанаско Михаилов, претседателот на ОО НА СДСМ, Томислав Тунтев, и други преставници на општествениот, културниот и политичкиот живот од градов. Таа беше збогатена со настапот на соло пеачката Миланка Новеска, Емилија Маринова на пијано, Ивона Базгаловска на пијано, Даниел Мојсоски на виолина
како и дел од хорот и оркестарот при Гимназијата Св. Климент Охридски. Чествувањето продолжува и утре. Делегација на општина Охрид ќе положи свежо цвеќе пред спомениците на македонските револуционерни борци во градскиот парк, а празнувањето ќе заврши со велосипедската кружна трка со стартот пред хотелот Палас на Кејот Маршал Тито.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top