Ден на превенција

Од СВР Охрид денес се пофалија со целосно реализирани превентивни проекти, посебно за младата популација, како и со позитивни постигнати ефекти.

 |  Билјана Николовска  | 
den na prevencija
Ден на превенција

den na prevencijaДенес сите полициски станици кои се во рамките на СВР Охрид, со пригодна свеченост го одбележаа Денот на превенцијата. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски направи една ретроспектива на сите нивни активности од 2008  година кога е формирано одделението за превенција. Како што е добро познато тоа има задача да делува исклучиво на превенција во сите сегменти на полициското работење.
Димоски посебно е задоволен од реализацијата на проектите кои се однесуваат на делувањето на превенција со дрога, трговија со деца како и проектот „Дрога, превенција и заблуда“. Димоски рече дека бележат позитивни ефекти.
Претседателот на охридскиот Совет, Душко Јаковчески, рече дека потребна е поголема соработка со СВР Охрид, како и конкретизација на суштинските проблеми посебно кај младите. Тој рече дека превенцијата игра голема улога во сузбивањето на криминалот во повеќе сегменти.
Факт е дека СВР Охрид уште со назначувањето на портпаролот на полициската служба Стефан Димоски,  бележи голем напредок и видно поместување на подобро, во сферата на информирање на јавноста со реални податоци, факти. И тоа е еден вид показател дека не треба да се занемарат активностите кои се во рамките на превенцијата на криминалот.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top