Ден на настава по турски јазик

Учениците и наставниците од турска националност прославуваат. Денеска се одбележува  денот на наставата по турски јазик, кој во државава со одлука на владата на Р Македонија, се прославува од 21 декември 2007 год.

 |  Татјана Маленкова  | 
Муамер Доко
Муамер Доко

Муамер ДокоУчениците и наставниците од турска националност прославуваат. Денеска се одбележува  денот на наставата по турски јазик, кој во државава со одлука на владата на Р Македонија, се прославува од 21 декември 2007 год.
„По повод денот на наставата на турски јазик денеска од ООУ Братство единство, заедно со наставниците присуствуваа на централната приредба која се одржа во салата Борис Трајковски и на која беа доделени плакети за најдобрите ученици.

„ Денот вчера  во нашето училиште се одбележа со свечена приредба која ја организираа учениците заедно со наставниците.  По повод денот беше изготвен флаер и презентација од наставникот по информатика заедно со учениците. На свеченоста беа одбележани битни настани со училиштево од основањето до денеска“, вели наставник ООУ Братство Единство, Фахрие Реџеп.

Директорот на училиштето Муамер Доко вели дека Охридското основно училиште го одбележува овој ден од 2007 год. од кога е и прогласен за државен празник.

„ Во нашето училиште од вкупниот број ученици 1140, 185 ученици учат на турски наставен јазик распеределени на 11 паралелки од кои 6 во одделенска настава и пет во предметна настава“, вели директор на ООУ Братство Единство, Муамер Доко.

Директорот додава дека учениците од Братство единство сеуште се соочуваат со проблеми поради тоа што немаат учебници преведени на турски јазик. Тој додава дека професорите и учениците се снаоѓаат така што матријалите или ги преведуваат или пак материјата ја учат на македонски јазик. Директорот уште откри дека во неколку наврати за овој проблем ургирале до бирото за развој на образование, но за жал сеуште проблемот не е решен.   

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top