Охрид го одбележа 9 ти мај – Денот на Европа

Охрид го одбележа 9 ти мај – Денот на Европа. На градскиот плоштад масовно се прославуваше со пригодна програма во која учествуваа активистите на Црвениот крст како и дечиња од повеќе основни училишта од градов.

 |  Јаковлева Лионела  | 
den na evropa
ден на европа

Охрид го одбележа 9 ти мај – Денот на Европа. На градскиот плоштад масовно се прославуваше со пригодна програма во која учествуваа активистите на Црвениот крст како и дечиња од повеќе основни училишта од градов.
Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески кој се обрати пред присутните рече дека на ваков начин Охрид дава свој придонес кон општата цел – да бидеме дел од европскиот дом во кој ќе делиме заднички вредности и заеднички идеи.den na evropa

– Древниот Охрид е вистинското место од каде можеме уште еднаш да ги упатиме пораките зачување на цивилизациските вредности, како темел за развој на современите демократските процеси. Низ вековите Охрид бил крстосница на цивилизациите и еден од столбовите на развојот на општочовечките хуманистички принципи. Токму затоа, убедени сме дека охридските длабоки и цврсти просветителски, културни и духовни корени, ќе бидат дополнителен, заеднички предизвик за забрзување на процесот за влез на Република Македонија во големото европско семејство, истакна Бакрачески.

Бакрачески рече дека нескромно можеме да истакнеме дека од овде, од Охрид каде што се длабоки и цврсти европските цивилизациски вредности, се наоѓа најблискиот линк на Република Македонија со Европската Унија.  Тој додаде дека на локално ниво, интензивно ќе се работи на јакнење на капацитетите на Локалната самоуправа, користејќи ги европските искуства.
На денешната прослава на денот на Европа на охридскиот плоштад присуствуваа и амбасадорите на кралствата Холандија и Шведска, Мариете Шурман и Ларс Вахлунд.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top