„Денот на младоста“ одбележан со марш до Горица

Во Охрид скромно одбележана 118 годишнината од раѓањето на Јосип Броз Тито. Триесетина членови од здружението на граѓани почитувачи на  ликот и делото на Јосип Броз Тито со марш до Горица го одбележаа некогашниот „Ден на младоста“.

 |  Валентина Неловска  | 
tito
Тито

TitoВо Охрид скромно одбележана 118 годишнината од раѓањето на Јосип Броз Тито. Триесетина членови од здружението на граѓани почитувачи на  ликот и делото на Јосип Броз Тито со марш до Горица го одбележаа некогашниот „Ден на младоста“. Јонче Петрески, претседател на ова здружение ја истакнаа нивната заложба  да не се заборави значењето на Тито во создавањето на македонската држава.
Претседателот на Здружението,Јонче Петрески со жалење нагласува дека во моментов одредени личности  имаат негаторски однос кон овој период од нашата историја и Тито. Покрај негаторскиот однос има и постојани кршења на спомен обележјата од НОБ.  
Наум Пуфтоски, потпретседателот на охридското Здружение на граѓани почитувачи на  ликот и делото на Јосип  Броз Тито кажува дека за време од  шестгодишното постоење имаат 650 членови. На ниво на земјата се регистрирани над 6500 граѓани од сите возрасти и националности. Оваа бројка во Охрид постојано расте, информира Пуфтоски.
„Во Белград отпатуваа  30-тината охриѓани, членови на нашето  здружение, и положија  цвеќе на гробот на Јосип Броз. Патувањето  е поддржано од Локалната самоуправа“ истакнува Пуфтоски.
Во поранешна СФРЈ, 25 мај, со децении се обележуваше како Ден на младоста, роденденот на доживотниот југословенски претседател Јосип Броз Тито. Секоја година со спортска приредба и слет на младите му беше врачувана штафета со желби за долг живот и добро здравје.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top