Одбележан меѓународниот Ден на мирот со марш на ветераните

Во Охрид и Струга  се одбележа меѓународниот Ден на мирот, 21–ви септември. Сојузот на борците и нивните почитувачи одржаа марш под мотото „Ветераните чекорат за мир“.

 |  Валентина Неловска  | 
den na mirot
ден на мирот

den na mirotВо Охрид и Струга  се одбележа меѓународниот Ден на мирот, 21–ви септември. Сојузот на борците и нивните почитувачи одржаа марш под мотото „Ветераните чекорат за мир“. Во Охрид маршот започна во 11 часот од пред Сојузот на борците за да пристигнат на  градскиот плоштад. Точно на пладне на сите паднати жртви за мирот им беше  оддадена почит со едно минутно молчење. На собирот на ветераните имаше и основци кои дојдоа да го одбележат заедно Меѓународниот ден. Претседателот на Сојузот на борци Гоце Георгиески  истакна дека трета година се чествува меѓународниот ден на мирот  21-ви септември, на светската федерација на ветерани, на која се и тие членка, а како асоцијација на оние кои ги искусиле последиците од војните. Маршот се одржува насекаде во светотот.
den na mirotПред присутните беше пренесена и годинешната порака за мир од  генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун. Тој повика на 4 часовен прекин на огнот на сите боишта во светот.
Инаку, и стружани го одбележаа Меѓународниот ден на мирот со марш до Калишта. Претседателот на струшкиот Сојуз на борци, Ајредин Мемедин  при тоа потсети дека РМ  во НОБ даде над 25  илјади жртви, а во светот животите ги положија над 60 милиони  луѓе.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top