Денес се одбележува денот на крводарителството на Република Македонија. Општинската организација на Црвениот крст од Охрид мината година може да се пофали со голем број крводарителски акции што ги организира со различни категории граѓани.

17 март е денот кога изразуваме благодарност кон армијата на хумани луѓе кои даруваат крв и со својата хуманост спасуваат човечки животи. Претседателот на Општинската организација на Црвениот крст од Охрид, Сашо Точко јавно им искажа благодарност на сите крводарители кои несебично ја даруваа драгоцената течност која живот значи. Исто така Точко изрази голема благодарност и кон сите институции, поединци, кои придонеле за афирмација на крводарителството и помогнале да се зголеми бројот на оние кои спасуваат животи дарувајќи ја својата драгоцена течност.
И оваа година Општинската организација на Црвениот крст Охрид во соработка со трансфузиолошките служби од Општата болница и болницата “Св.Еразмо” интензивно работат на организирање на вонредни крводарителски акции се со цел уште повеќе да се зголеми бројот на крводарители. Прославата на овој ден и доделувањето на признанија на најхуманите, ќе биде на 26 март, кога воедно ќе се одбележат и 65-те години постоење на Опганизацијата на Црвениот крст од Охрид.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град