Градоначалникот Никола Бакрачески го засади првото дрвце во акцијата Ден на дрвото

Градоначалникот Никола Бакрачески го засади првото дрвце во акцијата Ден на дрвото- засади ја својата иднина. Тој истакна дека радува фактот што од година во година во оваа акција се приклучуваат се повеќе граѓани. Утре дрвца ќе садат и останатите граѓани и учениците од основните и средните училишта.

 |  Јаковлева Лионела  | 
den na drvoto
ден на дрвото

Во Охрид од денес започна акцијата Ден на дрвото- засади ја својата иднина. Градоначалникот Никола Бакрачески, претседателката на советот Гордана Коњаноска, секретарот Димитар Спасески и директорите на јавните претпријатија засадија неколку дрвца на кејот на езерото.ден на дрво

Радува фактот што од година во година бројот на заинтересирани лица кои се приклучуваат кон акцијата се зголемува и она што особено треба да се истакне е дека расте свеста на младите генреации за оваа една од позначајните акции на владата, рече градоначалникот Бакрачески.

Утре во рамките на акцијата на два хектари земјиште во градот и околината ќе се засадат чемпрес, јасен, птуја, бреза и  молика.den na drvoto

Од особена важност е омасовувањето на акцијата и зазеленување на слободните површини во градов. Тоа ќе придонесе за зачувување на човековата околина и поздрав и поубав живот на идните генерации, рече Бакрачески.

Утре во акцијата ќе се вклучат и останатите граѓани и учениците од основните и средните училишта. Ќе се садат дрвца во училишните дворови, како и во Орман за каде во 9 и 11 часот  има организиран превоз од неколку локации во градот и тоа ќе се тргнува од пред ЕМУЦ, Угостителското училиште, Гимназијата и општинската зграда.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top