Ден после дождот

Поројниот дожд кој заврна вчера исфрли на површина многу градски проблеми

 |  Јаковлева Лионела  | 
toalet
тоалет

milanka dimoskaДен после дождот. Вчерашното невреме кое го зафати Охрид остави траги. Поројниот дожд исфрли на површина многу градски проблеми . Едни од засегнатите од поплавите кои се случија се и жителите на улицата Живко Чинго. Нивните домови буквално пливале во вода па со часови со кофи ја исцрпувале не знаејќи што друго да прават. Миланка Димоска вели дека целата куќа и се поплавила и додава дека ова не е прв пат. Таа објаснува дека при пообилни врнежи од дожд канализацијата пребликнува во нејзината куќа и се плива во вода и фекалии. Досега тропнала на сите врати, но помош од никого не добила.

zidНишто подобро не поминало и семејството Кочоски. И нивниот дом се поплавил. Како што раскажуваат водата извирала одсекаде, од тоалетот, од шахтите. Долниот кат бил буквално поплавен. Блаже Кочоски вели дека со колички собирале и исфрлале фекалии од нивниот дом. Тој е крајно изреволтиран и разочаран. Веќе не верува дека некој ќе се сети и ќе им помогне. Кочоски објаснува дека проблемот датира уште од 2010 год кога се направил канализациониот систем во Велгошти и се приклучил на нивниот кој е со помал капацитет. Службите, вели Блаже се глуви и слепи за нашите маки.

Од невремето не се поплавија само семејните куќи, туку и дуќаните во охридската чаршија. Најмногу настрадаа оние кои се наоѓаат во приземјето на Амамот. Сопствениците и вработениоте не сакаа да зборуваат во камера, но револтирано ни кажаа дека ова не е прв пат да се поплават. „Џабе велат зборуваме, кога никој ништо не превзема. Среќа што невремето се случи дење па спасивме поголем дел од стоката. Ако заврнеше навечер кога дуќаните се затворени штетата ќе беше огромна, додаваат тие. Надлежните кога треба да се платат сметките веднаш доаѓаат, а вчера никаде ги немаше“, велат дуќанџиите.

dozd

Каква беше состојбата низ улиците на градот може да се види преку големиот број видеа кои осамнаа на јутјуб и социјалните мрежи како и од сликите кои ги испратија граѓаните до нашата редакција. Дел од тие слики покажуваат како од поројниот дожд настрада и плажата Потпеш.

potpesh

Во населбата Канео поради големата количина на вода која се слеваше по ридот дошло до одрон на земјиштето. Жителите на оваа населба велат дека настанало вистинско свлечилиште. Тие додаваат дека уште од поодамна  ја предупредиле Локалната дека може да се случи ова, но досега сите останале глуви на нивните предупредувања. Мештаните  кажуваат дека вчерашното земјиште кое се одронило е исчистено, но тоа место сега веќе преставува потенцијална опасност бидејќи и при помали врнежи од таму ќе се ронат карпи и земја.

odronВчерашниот дожд донесе освежување, ја изми прашината ама под неа се видоа со години наталожените проблеми. Против природните појави не се може, но може навремено да се превземат мерки за последиците од нив да бидат што помали. Ова невреме треба да биде добра тема за размислување за сите оние институции кои затаија бидејќи кога тогаш се излегува на површина.

 

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top