Денот на детето

Училиштето „Братство Единство“, од Охрид го одбележа 23 април, денот на детето. Наставничкиот колегиум заедно со децата во дворот на училоштето одржа приредба, во чест на овој ден.

 |  Билјана Николоска  | 
den na deteto
ден на детето

Денес во Турција се одбележува 23 април, денот на националниот суверенитет и празникот на детето. Кон прославата на празникот на детето, кој масовно се слави во Турција, денес се приклучи и О.У. „Братство Единство“. Тие во дворот на училиштето низ игра и песна, покажаа чест кон Мустафа Кемал Ататурк, човекот кој овој ден го поклонил на детето. Проф. Ајсеј Доко, рече дека Ататурк оставил јака порака во чест на денот на детето. „Го подарувам овој ден на децата бидејќи денешниве деца се наша иднина“. Таа додаде дека овој празник се слави насекаде во светот каде што има турци. Посебно големи прослави и церемонии се прават во Турција, каде се собираат сите деца од секоја земја во светот. Доко рече дека со одбележување на овој празникот покажуваме нашиот мир, љубов и единство. Таа во името на сите деца од турска национална припадност од Охрид, на сите девца го честита 23 април и остави една порака, „сите деца се исти“.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top