Кога може афроамериканец да стане претседател на САД зошто да не можам јас да бидам прв човек на градов, вака Далип ја најавува својата кандидатура за градоначалник.
Кога може афроамериканец да стане претседател на САД зошто да не можам јас да бидам прв човек на градов, вака Далип ја најавува својата кандидатура за градоначалник.
Демир Далип, независен кандидат за градоначалник на Охрид. Тој вели дека според уставот на државава секој кој е државјанин на Р. Македонија и се наоѓа на избирачкиот список има право да се кандидира. „Кога може афроамериканец да стане претседател на САД зошто да не можам јас да бидам прв човек на градов“, објаснува Далип земајќи го за пример претседателот на САД, Барак Обама. Зад него очекува да застанат сите оние кои во изминативе 17 години беа маргинализирани, заборавени, доведени до работ на егзистенција како и хендикепираните лица.
Далип на Охрид во иднина ќе му го враќа духот и надежда и местото кое му припаѓа како најголем културен и историски центар во државава, но и пошироко.
На прашањето дали неговата кандидатура ќе значи и откажување на подршката која Сојузот на египќаните му ја даде на ВМРО ДПМНЕ на минативе парламентарни избори, Далип одговара дека досега египќаните својот глас го давале те за една те за друга политичка опција а од тоа не добиле ништо или добиле многу малку. „Затоа сега јас решив да се кандидирам за градоначалник не како претставник на некоја политичка партија туку како претставник на народот“, додава тој.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град