Демант на веста „Драма на сред чаршија во Охрид“

Во врска со прилогот емитуван на нашата телевизија на 05.09. 2013 под наслов „Драма на сред чаршија во Охрид“, до нашата редакција пристигна демант од комшиите кои беа повикани од страна на Мишеви. Имено дента нашата екипа направи обид да ја консултира и втората страна но не ги затекнавме дома.

 |  Николоска Биљана  | 
spor varos
спор варош

Во демантот стои

„а) Објектот од Мишеви, за којшто станува збор, е изграден по однос на рушење на два стари дуќани коишто 1961 година им беа продадени од наша страна.

б) Во купо-продажниот договор експлицитно е наведено, цитираме, “ја продаваме катастарската парцела бр.2229/3 од општо 73 кв.метри, со тоа што јас запазувам и непродавам единствениот улаз за мојата куќа изградена на КП бр. 2229/1 во ширина од 1,5 метри, а кој влез поминува преку продаденото празно место на КП бр.2229/3 од југозападната страна на парцелата, така да овој влез сврзува дворот на мојата куќа и улицата “Моша Пијаде” (сега “Климент Охридски”)”. Од вака договорената обврска следи дека на Мишеви им било продадено земјиште во површина од 59 кв.м. што е резултат од 73 кв.м. минус 14 кв.м. непродадено замјиште за влезот. Како е можно Мишеви да тврдат дека овој влез го купиле останува мистерија. (Колку за информација, сегашниот објект што Мишеви го изградиле кон средината на 80-тите години лежи на земјиште од 61 кв.м.)

ц) По основ на уривање на нашата стара куќа и издадената локација од 1975 година, ние ја изградивме нашата нова куќа. Непродадениот влез од купо- продажниот договор беше дел од земјиштето од нашата локација и беше предвиден исклучиво за наше користење.

д) Три години по издавањето на нашата локација, при усвојувањето на Деталниот Урбанистички План (ДУП) од 1978 година, спротивно на купо.продажниот договор, без наше знаење и зад наш грб, Мишеви на чуден начин успеале нашиот влез да се одземе од нас и приклучи кон нивната локација.

е) За ваквата кражба на Мишеви разбравме во 1982 година кога ни беше доставено решение за одземање 14 кв.м. од нашиот влез за формирање на локацијата од Мишеви. Така ние добивме службено право за премин преку влез што од памтивека бил во наша сопственост.

ф) Во 1982 година покренавме постапка за исправка на сторениот криминал во ДУП од 1978 година. Мишеви наскоро потоа започнаа да го градат својот објект. Во постапката одлучуваа многу органи како што се Уставниот суд и Врховниот суд на Македонија, Владата на Македонија, разни министерства и слични општински и републички органи. Беа издадени решенија од Уставниот суд и од инспекциските служби Мишеви да ја сопрат градбата. Мишеви сите акти ги игнорираа. Инспекциските служби донесоа и решение за рушење на изграденото, кое самошто беше излезено од темели. Без успех.

г) Во текот на управната и судската постапката одземеното земјиште ни беше вратено и беа донесени решенија со чија последица градежната документација првобитно издадена на Мишеви беше ПОНИШТЕНА (значи како да не била издадена). Од врховниот суд на Македонија во 1987 година поништени беа и индивидуалните акти Урбанистичката согласност и Одобрението за градба. Без фундаменталните акти (во случајов ПОНИШТЕНИ) за градба на објектот на Мишеви овој објект стана “дива градба”.

х) Мишеви, и покрај фактот според кој нивниот објект беше “дива градба”, одбиваа да престанат да го користат нашиот влез преку којшто влегуваа во локалите на катот од нивниот објект.

и) Во ваквата ситуација, преку нашиот влез, минуваа не само Мишеви туку и целата нивна клиентела (старите дуќани кои беа продадени имаа влез само од Чаршија). Влезната (патната) порта мораше да биде отворена во работно време и секогаш незаклучена. Немавме ниту лична, ни матерјална безбедност, ниту пак приватност.

ј) Покренавме судска постапка со која баравме Мишеви да не ја вознемируваат нашата сопственост. Со правосилна и извршна пресуда од 2007 година на Мишеви им беше забрането да минуваат преку нашиот влез и да го соѕидаат пристапот кон катот од нивниот објект.

к) Мишеви покренаа судска постапка преку нашиот влез да им биде утврдено право на стварна службеност. Со правосилна и извршна пресуда од 2010 година барањето им беше одбиено.л) Бидејќи Мишеви не ја извршуваа пресудата со која им беше забрането да ја вознемируваат нашата сопственост и наложено да го соѕидаат пристапот кон катот од нивните објекти, ние побаравме тоа да го стори судија Извршител. Конечно Мишеви, во текот на
август 2013 година, сепак САМИ го соѕидаа влезот кон катот од својот објект.

м) Во новонастанатата состојба, кога Мишеви престанаа да поминуваат низ нашиот влез и кога можеме да ја заклучуваме влезната порта и со тоа ја обезбедиме нашата безбедност и приватност, решивме да ја замениме влезната (патната) порта со нова што предизвика бурни реакции од страна на Мишеви. Со соодветна врата сакаме да ги спречиме КРАЖБИТЕ што ни се случувале и случуваат, нашето дворно место да не биде засолниште за НАРКОМАНИ и да наоѓаме искористени ШПРИЦЕВИ, и да престане да биде ЈАВЕН ТОАЛЕТ.

3. Одговори на прашања поставени од Мишеви

а) “Дали ваква неправда некаде во светов постои? Нека слушнат сите дури и премиерот Груевски”.

Па, со своето насилничко однесување сиве овие 30-тина годин, Мишеви калкулираа дека насилништвото се исплати. На нивна жалост, чекор по чекор, правдата беше спора, но сепак пристигна.

Сега Мишеви мораат да се соочат со последиците. Нивниот објект е бесправно изграден или народски речено “дива градба” за која поднеле барање за легализација. Впрочем, ако објектот од Мишеви е легален, зошто тогаш тие поднеле барање за легализација на нивниот објект?

б) “Како комшиите можат да ни ги земат дуќаните кои се наши и во нив работевме? Како ние да влеземе во нашите деловни простории?”

Повторно, влезот кон нивните локали на катот од објектот го соѕидаа самите Мишеви бидејќи, наместо од улицата (Чаршијата) да обезбедат влез кон катот, тие очекуваа насилништвото да биде наградено. Вештите лица потврдија дека влезот од Чаршијата кон катот може да се обезбеди и денес на прилично едноставен начин, како што е тоа пракса со сите дуќани во Чаршијата.За воља на вистината, во својот објект Мишеви имаат 5 локали. Три се со влез од Чаршија, од кои два во приземјето се издадени, третиот се издава, а за другите два на кат треба да си обезбедат пристап од Чаршија.

ц) “Како смееле комшиите без наше одобрение да ја менуваат нашата врата, да ни ја оштетат фасадата и никогаш да не можеме да влегуваме ?”

Со оглед на воспоставената состојба во која влезот е во потполно наше владеење, а веќе дотраената и нефункционална влезна порта е составен дел од нашиот влез, Мишеви беа прашани дали ја продаваат влезната порта што тие ја вградиле по изградба на нивниот објект. Нивниот одговор изостана подолго време. Поради тоа нарачавме нова ДРВЕНА (а не блиндирана!) врата со намера да ја ЗАМЕНИМЕ постојната која, неоштетена, Мишеви можат да си ја земат.

За информацијата да биде комплетна, до 1961 година (потпишан купо- продажен договор) и во периодот 1961 – 1986 година, влезната порта беше наша и беше прицврстена на зидот од старите дуќани што Мишеви ги купиле. Значи, до 1986 година, во период подолг од 20 години, Мишеви немале никаква забелешка за прицврстената наша порта на ѕидот од нивниот објект. Како сега ова постана проблем?

За безначајното оштетување на ѕидот при вадење на старата порта, ги известивме Мишеви дека секое оштетување ќе го санираме и дури ако имаат дополнителни забелешки ќе ги прифатиме бидјќи немаме намера никого да оштетиме.

За влегувањето на Мишеви во нашиот влез јасно е дека новата врата, за разлика од досегашната, ќе може да се заклучува за да обезбеди безбедност и приватност. На Мишеви ќе им биде обзбедено, во случај на потреба, да интервенираат на својот објект и инсталации.“

И за крај во демантот стои „Поради јавно искажаните навреди и невистини од страна на Мишеви нашиот углед е нарушен и извалкан поради што ќе бараме сатисфакција на суд.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top