Охридска делегација во посета на Турција.
Иницијативата за посетата на оваа земја е на здружението македонско – турското пријателство и со подршка на градоначалникот на Општина Охрид. Првичната идеја за патувањето се повеќе месечните контакти за воспоставување на соработка помеѓу Битолскиот универзитет Св Климент Охридски и Универзитетот Нами Кемал од Текирдак -Турција. На средбата со ректорот и претставници на општината најпрво бил презентиран Охрид со неговите културни, историски и природни убавини, а проф. д-р Вера Караџова од ФТУ го презентирала и универзитетот Св. Климент Охридски, по што се воспостави и првата соработка помеѓу двата универзитети.
„Двата универзитети ќе започнат соработка во проекти, размена на студенти, размена на професори и размена на искуства од двата универзитети. Беа напаравени и првите зговори за организирање на една конференција во Охрид за храна, во соработка на факултетот за Туризам и универзитетот Нами Кемал и локалната самоуправа. Оваа конференција е биде организирана во Охрид и Битола“, вели претседателот на македонско – турско пријателство и претсетвник ТЛЕР, Илкер Мустафа.
Покрај постата на Универзитетот во Општина Текирдак, Охидската делегација посетила уште 5 други општини Барбарос, Кумбак, Мармарис, Ерелис и Јели Чифлик, и секаде биле остврени средби со градоначалниците. Претседателот на советот на оптшина Охрид, видно задоволен од средбите, но и од приемот кој за пријателите од македонија го направиле првите луѓе на општините. Тој признава дека Охрид има што да научи од пријателска Турција.
„Остваривме посета и на збратимената општина Охрид и Бајрам Паша што се наоѓа во градот Истамбул. Интересот е голем од овие градоначалници за соработка со Охрид и веднаш добивме најави за посета на градот Охрид уште во месец мај и конкретно да се потпишат договори за економска и културна соработка“, вели претседател на совет, Душко Јаковчески.
Не само средби, во охридскиот тим од Турција се врати и со конкретни резултати. Посебо се задоволни од средбата со претставниците на Стопанската комора од Текирдак.
„Бевме на средба со доста преставници, бизнисмени и направивме доста убава презентација и бевме спремни со сите матријали и урбанизтички планови од Билјанини извори, Даљан… По презентацијата веднаш се јавија бизнисмени заинтересирани за изградба на хотели и клиники и во иднина го чекаме резултатот и времето ќе кажи што и како“, велисоветник, генерален секретар на здр.македонско – турското пријателство, Кујтим Усеини.
Иаку во делегација која неколку денови престојуваше во Турција, покрај Јаковчески, Мустафа и Усеини, присуствуваа и про.Д-Р Лидија Симонческа, продекан за финансии на ФТУ, проф. д-р Вера Караџова, проф. д-р Љупчо Кевероски и Семра Аџи, магистер за надарени и талентирани деца.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град