Општина Охрид го поднесе до Комисијата за заразни болести прегледот со барањата за настава со физичко присуство за учениците од четврто до деветто одделение и за учениците од средните училишта. Училиштата имаат различни барања согласо условите со кои располагаат, велат од локалната самоуправа. Поаследниот збор го има комисијата која најдоцна до 17 септември ќес е изјасни кои училишта ги исполнуваат условите за настава со физичко присуство а притоа да не биде загрозено здравјерто на учениците и наставниот кадар.
Скоро сите основни училишта во Општина Охрид поднеле барања до Комисијата за заразни болести, да им се дозволи настава со физичко присуство на учениците и во погорните класови над 3то одделение. Настава со физичко присуство побарале и средните училишта. Барања за обемот и начинот на кој би се изведувала наставата со физчко присуство се различни кај секое училиште во зависност од условите. Крајниот збор ќе го има Комисијата.
Општина Охрид веќе подготви преглед за спроведување на воспитно-образовниот процес според сите протоколи за време на пандемија и врз основа на барањата за настава со физичко присуство за учениците од четврто до деветто одделение и за учениците од средните училишта. Овој преглед со барања, општината денеска го достави до Комисијата фoрмирана од Владата на Република Северна Македонија, која во рок од седум дена треба да донесе одлука во кое училиште ќе може да се организира наставата со физичко присуство.- велат за ТВМ од локалната самоуправа.
Барањата за организирање на настава со физичко присуство, охридските училишта ги направиле врз основа на просторните услови, бројот на ученици и анкетите на родителите, кои биле спроведени во текот на изминатиот период. Од локалната самоуправа велат дека сите основни и средни училишта на подрачјето на општината навремено ги започнале сите потребни подготовки во пресрет на почетокот на новата учебната година. Следејќи ги протоколите и мерките за заштита од „КОВИД 19“, Општината започнала постапка за набавка на средства за дезинфекција, термометри и сите други потребни материјали за заштита на здравјето на учениците и наставниот кадар. Пред почетокот на учебната година планирана е целосна дезинфекција на сите училишни објекти.
Од околу 1110 училишта во Македонија, само 36, 21 основно и 15 средни побарале физичка настава во новата учебна година која ја за прв пат ќе почне на први октомври.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град