Одговорите на Советничките прашања упатени до службите во Локалната самоуправа, до градоначалникот, до претставниците на секторите, се непрецизни непотполни а не ретко изостануваат. Оваа забелешка доаѓа од дел од охридските советници. Статутарно, деловнички, одговорот конкретно треба да стигне лично до советниците кои бараат одговор, писмено или по елекронска пошта, вели Оливија Пирузева Јанева советничката од СДСМ.
Дел од охридските советници се незадоволни од писмените одговори кои ги добиваат на нивните прашањата упатени до Локалната самоуправа во Охрид. Вообичаена пракса е на седниците наменети за советнички прашања секој советник да има право да постави две а по договор и три прашања, со можност да добијат и писмен одговор, од страна на надлежните во општина Охрид. Оливија Пирузева Јанева, советничката на СДСМ посебно е револтирана на одговорот кој го добила на прашањето кое се однесува за увид во документацијата за изградба на затворениот пливачки базен, па посочи пример од односот на одговорните во Локалната.
„Но одговорот беше, сама да се известам во службата на Секторот за урбанизам каде што ќе ми биде одговорено на тоа прашање, бидејќи тие немаа одговор да ми го достават во писмена форма. Едноставно можеби деградирачки на функцијата, не како личност но сепак како советник бев навредена бидејќи сметам дека не е во ред да ми се даде таков одговор и тоа да се јавам во секторот за урбанизам во приемни денови за да ми биде одговорено“ – вели Јанева.
Оттука таа, кога кон неа како градски избраник одговорните имаат таков однос, што останува за односот спрема обичните граѓани кои ќе се обратат до Локалната самоуправа за одредено прашање. Таа исто така кажа дека и на прашањето кое се однесува на превисоката, според неа, давачка за лиценцата во износ од 4000 денари која ја плаќаат охридските такси возачи, добила непрецизен одговор и далеку од она што таа конкретно го побарала како информација.
„Одговорот беше дека цената не е превисока во споредба на другите градови, односно дека во Куманово, Тетово, Струга била околу 5000 до 6000 денари, значи во споредба со нив Охрид има најниска цена од 4000 денари а како фирма била пријавена само една фирма од Скопје која ќе ги лиценцира такси превозниците, а во суштина се наплаќа просторот кој што тие го користат за некаква обука а прашањето мое беше која е обуката која што тие ја даваат за толку пари, одговор не добив “.
Јанева посочи дека деловнички имале право да бараат одговор и на прашања кои не можат да се дообјаснат на седниците, но за жал на нив пак многу ретко добивале одговор.
„Случај беше на една од претходните седници секретарот, на колешката Лазареска и одговори дека едноставно нејзините прашања не заслужуваат одговор биле глупави и затоа не биле одговорени, тоа беше негов одговор“.
Јанева изјави дека тие како советници поставувале прашања кои што се во интерес на граѓаните. Додаде дека поголемиот дел од прашањата нив лично им ги поставувале граѓаните, и нормално очекувале одговор, бидејќи сепак тие прашања биле нивни проблеми кои треба да се решаваат. За ваквата состојба која ја опишува советничката Пирузева, со прашање се обративме до локалната самоуправа. До затворањето на Дневникот од таму не добивме став.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град