Македонија да има што повеќе Зелени општини. Од ДОМ предлагаат политичките чинители и надлежните институции да усвојат Декларација за зелена Македонија.
Македонија да има што повеќе Зелени општини. Од ДОМ предлагаат политичките чинители и надлежните институции да усвојат Декларација за зелена Македонија.
Зелените општини значат подобро утре за македонските граѓани, значат европска Македонија, стои во предлог Декларацијата што ја предложи ДОМ.
Партијата за Демократска обнова на Македонија – ДОМ, предлага политичките чинители и надлежните институции да усвојат Декларација за зелени општини во Македонија. Со овој документ тие би се обврзале на конкретни мерки за заштита на животната средина, што е една од главните заложби и на ЕУ кон која се стремиме. Во предлог документот што го понуди ДОМ се вели:
Како застапник на зелената опција,согледувајќи ги сегашните еколошки состојби во земјата како сериозна закана за нашата и за идните генерации, тргнувајќи од претпоставката дека сите сме корисници, чувари и старатели на сопствената земја,преземајќи ги сериозно обврските пред претстојното интегрирање на нашата земја во ЕУ,ги повикува сите градоначалници, советници, невладини организации, политички партии, претставници на бизнис заедницата, како и сите граѓани на Република Македонија да ја поддржат следнава Декларација за зелени општини во република Македонија.
Во Локалните самоуправи ќе инсистираме да се донесе локален еколошки акционен план. Тие општини што ќе ја потпишат декларацијата на некојначин се обврзуваат да ги реализираат сите активности поврзани со локалниот еколошки акционен план за зелени општини, вели претседателот на ОО на ДОМ, Стрезовски.
Во деекларацијата стои:
Ние, долупотпишаните, се согласуваме дека:
• Ќе работиме на создавање зелени општини по мерка на граѓаните;
• Ќе креираме политики за постигнување одржлив развој на општините, преку поврзување на економскиот развој, заштитата на животната средина и социјалната сигурност на граѓаните во еден систем;
• Ќе ја чуваме и развиваме животната средина во нашите општини и ќе се грижиме за нивната чистота и уреденост;
• Ќе работиме доследно според стратегијата за управување и целосен третман на комуналниот и други видови отпад, за негово депонирање, селектирање и рециклирање;
• Ќе работиме на заштита и проширување на зелените површини, парковите и местата за рекреација;
• Ќе се посветиме на решавање на проблемите со водоснабдувањето, наводнувањето со техничка вода и третманот на отпадните води;
• Ќе преземеме активни мерки против загадувањето на воздухот, водата и почвата, како и против прекумерната бучава;
• Ќе се бориме против злоупотребата на просторот со несоодветни урбанистички решенија и против урбанистичкиот неред;
• Ќе создаваме услови за надминување на сообраќајниот хаос, како и за подобрување на сообраќајот и јавниот транспорт според еколошки стандарди;
• Ќе го воведеме принципот на „солидарност меѓу генерациите“, со цел да се подобрат условите за престој и згрижување на децата во градинките и училиштата, како и на постарите лица во домовите и другите институции;
• Ќе создадеме услови за вклучување на лицата со посебни потреби и другите маргинализирани групи во сите текови на општественото живеење;
• Ќе настојуваме да се сочува разновидноста и автентичноста на природните ресурси и реткости, како и културното наследство, при што ќе се залагаме за развој на локалниот еко-туризам;
• Ќе штедиме енергија, ќе ја зголемиме енергетската ефикасност и ќе го стимулираме користењето на обновливите извори на енергија (вода, ветер, сонце, геотермални води, биомаса) во јавниот и во приватниот сектор;
• Ќе создаваме услови за отворање зелени работни места и зелени бизниси во општините и тоа во заштитата на животната средина, земјоделството, енергетиката, градежништвото, транспортот, туризмот и др.;
• Ќе создаваме услови за вложувања во заштитата и унапредувањето на животната средина преку инвестициски програми од домашни и меѓународни фондови;
• Ќе го поддржуваме производството на органска храна и нејзината достапност на пазарот;
• Енергично ќе го спроведуваме Законот за животна средина и другите нормативни акти и стандарди коишто се во согласност со европските директиви;
• Ќе ги усвоиме и доследно ќе ги спроведуваме Локалните еколошки акциони планови (ЛЕАП-и);
• Ќе ја подигаме јавната еколошка свест преку едукација на локалните општински служби, бизнис секторот и граѓаните;
• Ќе спроведеме ефикасен мониторинг за заштита на животната средина преку формирање еколошки патроли;
• Ќе соработуваме со другите општини, Владата, невладиниот сектор, бизнис-секторот, стручните агенции и научни установи во сферата на заштитата и унапредувањето на животната средина.
Зелените општини значат зелена Македонија, значат подобро утре за македонските граѓани, значат европска Македонија, стои во предлог Декларацијата за зелени општини во Македонија, што ја предложи ДОМ.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град