Храбрите пожарникари годинава бележат помал број на интервенции, а се надеваат дека оваа тенденција ќе се задржи до крајот на годината. Велат дека се задоволни од опремата која ја поседуваат и нивото на професионалност кое го држат при секоја интервенција.
Звучната сирена и ротационото светло на нашите пожарникарски возила денес не значење причина за загриженост. Денес територијалната противпожарна единица од Охрид дефилираше со своите возила низ охридските улици како дел од одбележувањето на 20ти мај, денот на пожарникарите на Република Македонија. По дефилето, во рамките на просториите на територијалната противпожарна единица беше презентирана и пожарникарската опрема која нашите пожарникари ја поседуваат. Командирот на нашата единица, Спасе Прентоски вели дека трендот на намалување на бројот на интервенции ги радува и дека се надеваат на уште помалку такви интервенции.
“Ги уверувам дека ТППЕ Охрид како и досега, успешно и високопрофесионално ќе ги извршува своите задачи на терен, подготвувајќи се за сите тие интервенции кои што не очекуваат во иднина а посакуваме да бидат што помалу ќе одговориме високо професионално и стручно. За оваа година како број на пожари, вкупно имаме 104 интервенции од кои 60 интервенции се на објекти, 37 интервенции се на отворени простори и 7 интервенции се пожари на патнички и други моторни возила.”-вели командирот на ТППЕ Охрид, Спасе Прентоски.
Со пофални зборови за територијалната противпожарна единица и претставниците од локалната самоуправа, секретарот Димитар Спасески и заменик градоначалникот Ангел Јанев кој рече дека работата на нашата противпожарна служба е за почит.
“Морам да признаам годината што помина, бројот на интервенции опаѓа од една страна но од друга страна, професионализмот во интервенциите кои што се веќе присутни со вашите интервенции се на се поголемо и поголемо ниво, и тоа е за пофалба, за честитки, благодарност од сите наши граѓани. Јас ќе кажам еве лично сум вклучен во Штабот за заштита и спасување, а дел од тој Штаб за заштита и спасување се и службите поврзани со интервенциите на сите нивоа, па и на ниво од Противпожарната и друга заштита во градот Охрид. Соработката ни е на едно прекрасно ниво.”-рече Јанев.
Инаку до овој момент, бројките говорат за континуирана тенденција на намалување на бројот на интервенции на терен. За споредба со минатата година, територијалната противпожарна единица извршила вкупно 287 интервенции.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град