Дефект кој никој не го санира

Дефект на водоводната мрежа во Лескоец, четири месеци никој не го санира.

 |  Татјана Маленкова  | 
cevka
цевка

Дефект на водоводната мрежа во Лескоец, четири месеци никој не го санира.

defekt„Ми рекоа ако шахтата ја откопаш сам, ние веднаш ќе дојдеме, но од ветеното сеуште ништо“, вели жител на селото Лескоец. Од Проаква пак ветуваат, дефектот ќе го поправиме до крајот на оваа работна недела.

На сред улица бара. Со овој проблем жителите на Лескоец се соочуваат веќе четири месеци. Славчо Цветкоски видно револтиран кажува дека во повеќе наврати решавање на проблемот барал обраќајки се во службата на Проаква во Лескоец.  За жал, од таму не добил ништо друго освен ветување.

„Еден месец само, како јас ургирам дефектот да се поправи. Прифатив и дупката сам да ја ископам само за да се  поправи дефектот. Ја чекам екипата еден месец да дојди и да интервенира“, вели Славчо Цветкоски.

На секое потсетување за проблемот, ми велат дека неможат да интервенираат поради многуте дефекти кои ги санираат низ Охрид, вели Цветкоски. Тој додава  дека проблемот кулминира во дождливо време, кога по учицата почнува водата да се прелива, по што жителите се приморани да се движат низ кал.  

Во интерес на вистината околу овој проблем се обративме до Проаква. Раководителот на службата за одржување на водоводната мрежа, за дефектот во Лескоец, слушна од нас. Тој беше изнанаден зошто никој не го информирал за случајот. Вети дека до крајот на наделава проблемот ќе биде решен.

Инаку освем овој проблем кој се провлекува подолг период, Цветкоски е задоволен од водоснабдувањето во село Лескоец откако за тоа работите ги превзеде МЈП Проаква. „Споредбено со проблемите со кои години се соочувавме сега имаме доволно вода за задоволување на секојдневните потреби“, вели тој.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top