Од денес бесплатни прегледи и ПАП тестови

Министерството за здравство до 20 ти овој месец овозможи бесплатна акција за сите жени кои немаат здравствено осигурување.

 |  Николоска Биљана  | 
logo
лого

Министерството за здравство до 20 ти овој месец овозможи бесплатна акција за сите жени кои немаат здравствено осигурување.

bakteriiОпштата болница од Охрид спремна е за контрола на сите заинтересирани жени.

Министерството за здравство подава рака. Согласно програмата за рано откривање и спречување на болестите на репродуктивните органи кај жената предвивено е вршење на бесплатни гинеколошки прегледи со Пап тест. Општа болница Охрид стои на располагање и ја подржува целосно оваа акција вели портпаролот Сашо Василески, со цел здравјето на жената да биде подобро и навремено да се превенира.

Жените нека немаат бариера потенцира Василески, и додава дека мора да се створи навика за подигање на јавната свест за превентивната заштита на жената што во светски рамки поинаку се третира.

Последната акција од ваков карактер, која што беше спроведена во република Македонија позитивно резултираше велат гинеколозите. Таа во многу помогнала за рано откривање на несаканите болести на женските репродуктивни органи и секако навремено третирани. Затоа народната подобро да се спречи отколку да се лечи време е да се примени.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top