Дедо Мраз делеше пакетчиња во општинската зграда

Пакетчиња за дечињата од социјалните семејства. Денеска во локалната самоуправа градоначалникот и советниците се сретнаа со нив и ја покажаа својата хуманост на дело. Гостин на свеченоста беше Дедо Мраз.  

 |  Татјана Маленкова  | 
dedo mraz
дедо мраз

Дедо Мраз во посета на општина Охрид. Денеска во локалната се сретна со децата од социјално загрозените семејства и им донесе пакетчиња.
Градоначалникот Александар Петрески крајот на годината ќе ја одбележи со хуманитарни акции. По вчерашниот ручек со хендикепираните лица, денеска се делеа пакетчиња, а утре според агендата на градоначалникот на социјално загрозените семејства треба да им поделат социјални пакети.
Градоначаникот ветува дека откако ќе ги добие ингеренциите во социјалната свера, локалната многу повеќе ќе им помага на социјалните семејства.
На крајот на годината сите се сетија на најсензибилната категорија во градов социјалците. Но добро би било ваквата практика ако не може да се постигне да биде месечна, барем тоа да биде квартална. Оваа е само една сугестија која доколку започне да се практикува, во голема мера би ја ублажила состојбата на социјалците.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top