• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Дечињата од градинката „Развигорче“ учеа како правилно да се грижат за своето орално здравје

Дечињата од градинката „Развигорче“ учеа како правилно да се грижат за своето орално здравје

Лајонс клубот „Охрид“ заедно со стоматолошките ординации „Д-р Сашо Стоев“ и „Денториа“ ја организираат оваа акција во духот на годинешното мото на лајонсите „Да изнудиме насмевка“.

 |  Мишел Наумоски  | 
gradinka pregledi
градинка прегледи

Најмалите, дечињата од градинката „Развигорче“ денес учеа како правилно да се грижат за своето орално здравје и како правилно да ги четкаат запчињата. Тие добија вистинско стоматолошко искуство. Си седеа на столче и беа мирни додека двата тима стоматолози од ординациите „Денториа“ и „Д-р Сашо Стоев“ им ги прегледуваа запчињата. Оваа акција е во организација на Лајонс клубот „Охрид“ и овие две ординации кои исто така се членови на лајонсите.

akcija Lajonsi„Потпомогнати сме од Лакалут, Денториа и д-р Сашо Стоев, двете ординации, сите доктори ни се тука, еве видовте вие и практично како правилно ги четкаат забите. Практично тоа им го покажавме на децата и на крајот на целава оваа обука ќе им дадеме по еден подарок за секое дете ќе има по неколку пасти и четки за целата фамилија.“-рече д-р Ертан Омеров-стоматолошка ординација „Денториа“.

„Лајонс клубот Охрид покрај другите активности има годинава и повеќе дејности, грижа за младите, грижа за животната средина, грижа за немоќните. Покрај тоа, нашето лого и мото годинава е „Да изнудиме насмевка“, а насмевка ќе изнудиме кај децата со здрави заби.“-вели претседателот на Лајонс клуб „Охрид“, Климе Шешоски.

Шешоски потенцираше дека Лајонс клубот „Охрид“ и понатака ќе продолжи со грижата за најмладите, а изрази надеж дека наредната година ќе има уште повеќе вакви акции.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top