Децата во градинката Росица го одбележаа Летник.
Дечињата згрижени во детската градинка Росица со песна на сите јазици од етничките заедници го одбележаа Летник. Празникот се одбележа весело со песна и со подарување на мартинки и варена пченка. Преку приредба децата од сите етникуми кои се згрижени во овој објект прикажаа дел од обичаите кои се карактеристични за денот Летник. Според верувањето овој ден е почеток на новата година или крај на зимата и почеток на летото.
Се верувало дека мартинките симболизираат среќен живот и здравје заштита од штетници. Полната трпеза – значи богатство на трпезата преку целата година. Пченката е симбол на животот, дренот значи да бидеме здрави како дрен. Сите овие симболи денес ги презентираа дечињата пред многубројните гости.
Меѓу децата беше и градоначалникот Никола Бакарчески кој ја поздрави иницијативата на градинката за негување на традицијата и обичаите на различните етнички групи. Тој потенцираше дека тоа е од круцијално значење за градењето на заедничкиот живот во општина Охрид.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град