Децата кои питачат во Охрид привремено ќе се сместуваат во транзитен центар

Оваа нова форма на згрижување на децата кои питачат по улиците, треба да обезбеди место за краткотраен престој, ноќевање, храна и облека како и помош од стручни лица.

 |  Мишел Наумоски  | 
tranziten centar

Отворен транзитниот центар во Охрид, за децата кои питачат. Истиот е дел од заедничкиот проект „Општинско корисна работа“ на Министерството за труд и социјална политика односно Центарот за социјална работа од Охрид и Локалната самоуправа . 11 лица, ангажирани преку овој проект, ќе работат на спроведување на проектот по градинките, додека втората активност се однесува токму на третирање на проблемот со децата на улица односно децата кои питачат.

„Министерството ни даде можност, ни обезбеди просторија за која се плаќа кирија и тие се наоѓаат во просториите на Трудбеник каде се опремени со услови за престој на тие лица преку денот или ноќта во зависност во кој период ќе ги најдеме, децата кои ќе питачат во Охрид, како и трошоци за храна, за превоз. Овој дел беше покриен со средства на Министерството, а лицата се под надзор на стручни лица од Центар за социјална работа, односно имаме координатор наш кој ги координира тие активности.“-вели директорот на Центарот за социјална работа од Охрид, Екрем Каљоши.

Каљоши вели дека проблемот во Охрид се состои во доаѓањето на лица од други градови за да питачат. Нивна задача најпрво е идентификација на местото каде престојуваат и утврдување на основот на престојот.

opstinsko korisna rabotaПојаснува дека доколку се утврди дека едно дете е без придружба и питачи за тоа веднаш го информираат надлежниот Центар за социјална работа или родителите на детето кои би требало истото да го земат. Токму тука е улогата на транзитниот центар.

„Доколку нема можност во текот на денот тие деца да бидат преземени од надлежниот центар или родители, тогаш ја имаме екипата која преку ноќта или четири-пет сати за тие деца ќе се грижат во дневниот центар „Деца на улица“. Не е класичен Центар како по Скопје да се работи со тие деца, охриѓани се, се работи со нив на азбука учење, заби миење, однесување, се работи само за оние деца кои ни се пролазници, односно дојдени од други градови со или без придружба.“-рече тој.

Активностите на Центарот за социјална работа се одвиваат во една поголема координација заедно со претставници од локалната самоуправа и СВР-Охрид преку секторот за превенции. Проектот преку кој се реализира транзитниот центар е финансиран од УНДП. Инаку што се однесува до активностите на тимот формиран за третирање на овој проблем, досега е направен распоред за патролирање заедно со полицијата. Aнгажирани лица по проектот, ваквите патроли ќе ги прават од понеделник до петок напладне и навечер со цел собирање на информации за основот за престојот на овие лица.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top