Децата во Братство Единство, Лескајца преку игра се едуцираа за екологијата.
Посебен акцент на обуката беше ставен на заштитата на водите. Америчките еколошки искуства на децата и наставниците им ги пренесе ЏЕФ РОЏЕ, постар менаџер за еколошка едукација во Чеспик беј, фондацијата од САД.
Невладината организација ОХО, ги едуцираше децата од училиштето Братство Единство – Лескајца за екологијата.Целта на работилниците кои се спроведуваат во неколку градови во Р Македонија, меѓу кои и Охрид, е да се пренесат Америчките еколошки искуства, ставајки посебен акцент на заштитата на водите. Гостин на работилниците е ЏЕФ РОЏЕ, постар менаџер за еколошка едукација во Чеспик беј, фондацијата од САД. Сакаме да ги едуцираме децата од било која воздравст. Помалите ги учиме да уживаат во природата, а со постарите разговараме за посериозните еколошки проблемите, вели за ТВ М гостинот од Америка.
„Доста добро би ја отценил еколошката состојба во Македонија, бидејки од она што го видов во вашата земја се воодушевив. Од тоа што го разбрав од домакините, децата се запознаени со убавините кои ги има вашата земја, а повоздравсните се свесни за еколошките проблеми со кои се соочуваат.
Еколошката состојба е доста добра, но секогаш постои простор за подобрување, вели Роџе. Џеф Роџе е тука на децата да им пренесе дел од Американските еколошки искустава, а на наставниците да им помогне да ја унапредат едукацијата, вели Милан Танчески, програмски директор на ОХО.
Еколошки едукации на децата покрај во Охрид, се одржаа во Велес, Битола, а утре ќе се одржи и во Струга. Од невладината организација Охо, велат дека покрај во основните училишта, предвања ќе се одржат и на универзитетите се со цел да се пренесат позитивни искустава во заштитата на животната средина.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град