Штитениците од дневните центри сеуште не го имаат сефтосано специјалното возило

Дневните центари „Доброљубие“ и „Зраци“ сеуште не го имаат користено специјалното возило за лицата со хендикеп со кое стопанисува Локалната.

 |  Јаковлева Лионела  | 
vozilo
возило

 

Штитениците од дневниот центар „Доброљубие“ сеуште не го имаат сефтосано специјалното возило наменето за лицата со хендикеп кое беше набавено со средства собрани од големата хуманитарна акциja   „Декември-месец на отворено срце“ која се спроведе минатата година. Никола Кукоски, проект менаџерот на „Доброљубие“ вели дека откога во месец јули ова возило и било предадено на Локалната за таа да го одржува и да стопанисува со него,  тие не го имаат користено  за свои потреби.

Бидејќи ние во летниот период паузираме со работа немавме можност кога да го побараме возилото. Ние имаме сопствена кола која ја користиме за пократки релации и досега се снаоѓавме со неа, вели Никола Кукоски, проект менаџерот на „Доброљубие“                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                      возилоИ раководителот на здружението за лица со интелектуална попреченост „Зраци“, Зоран Костадиноски, вели дека досега штитениците на овој дневен центар не се имаат возено со ова специјално возило.

Имавме многу поприоритетни работи поврзани со функционирањето на центарот и затоа возилото остана во втор план. Децата би сакале да организираме екскурзија но можеби напролет, вели Костадиноски.

Од локалната пак тврдат дека возилото било побарано и му било дадено на  здружението за лица со интелектуална попреченост „Зраци“ и тоа во месец септември кога организирале екскурзија до Дојран и назад. Тоа два пати му било дадено и на Здружението на граѓани инвалиди на трудот. Првиот пат оделе за Струга, а вториот пат до Демир Капија каде го посетиле посебниот институт каде престојуваат лица со интелектуална попреченост.

Ние досега на сите здруженија кои ни го побарале возилото им излеговме во пресрет. Нема никаков проблем ниту пак ќе има во иднина, вели Томе Џамтоски-портпаролот на Локалната самоуправа.

Џамтоски признава дека возилото во неколку наврати било искористено и за други потреби на Локалната, но додаде дека секогаш приоритет ќе бидат барањата и потребите на здруженијата на деца со посебни потреби.

Инаку, ова специјално возило, беше набавено со средствата собрани од големата хуманитарна акција „Декември-месец на отворено срце“. Иницијативата за оваа акција беше покрената од страна на ЈП „Охридски комуналец“ и Отпад Охрид, додека подоцна учество во неа зедоа и лајонс клубовите „Лихнидос“ и „Десарети“, Ротари клубот како и голем број на приватни фирми, училишта и секако локалната самоуправа.
Штитениците од дневниот центар „Доброљубие“ сеуште не го имаат сефтосано специјалното возило наменето за лицата со хендикеп кое беше набавено со средства собрани од големата хуманитарна акциja   „Декември-месец на отворено срце“ која се спроведе минатата година. Никола Кукоски, проект менаџерот на „Доброљубие“ вели дека откога во месец јули ова возило и било предадено на Локалната за таа да го одржува и да стопанисува со него,  тие не го имаат користено  за свои потреби.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top