Ќе им се отворат ли вратите на децата со посебни потреби

Родителите на децата со посебни потреби бараат тие да учат во соодветни услови на нивната состојба. Во посебна паралелка и со стручно обучен кадар.

 |  Јаковлева Лионела  | 
skolo
школо

Родителите на децата со посебни потреби од Охрид бараат да се отвори специјална паралелка во Основното училиште Григор Прличев. Во неа под надзор на обучено лице би учеле нивните деца кои моментално посетуваат настава во редовните паралелки, но според нив тоа не е вистинското решение поради состојбата во која се наоѓаат. Директорката на ова училиште Силвија Мојсовска вели дека е запознаена со оваа иницијатива и во целост ја подржува. Таа објаснува дека моментално во училиштето учат 23 деца со посебни потреби кои заслужуваат еден поинаков третман и работа со стручно лице.

Ние не бараме да се отвори посебна паралелка. Доволно е да се вработи дефектолог кој ќе работи со овие деца. Доколку има потреба можеме тие деца и просторно да ги издвоиме од другите, вели Силвија Мојсовска -директорката на Основното училиште Григор Прличев.  деца

Мојсовска кажува дека досега децата со посебни потреби биле интегрирани во наставата  и работеле по реклаксирана наставна програма, но потенцира дека дефектологот е неопходен за да се постигнат максимални резултати во процесот на нивното образование. Таа вели дека Министерството за образование треба да им излезе во пресрет и да им одобри средства за вработување на дефектолог.

Од локалната имаме целосна подршка. Се надевам дека ќе не подржи и рeсорното министерство. Сега со акцијата за вработување на психолози и педагози по училиштата можеби ќе успееме да вработиме дефектолог бидејќи во нашето училиште имаме и психолог и педагог, вели Мојсовска.

Мојсовска кажува дека во нивното училиште има и неколку деца со аутизам, што е пак посебна состојба која бара и посебен третман. Податоците со кои располага  македонското научно здружение за аутизам покажуваат дека инклузијата на овие деца во образовниот процес во државава е многу мала. Проф. Д-р Владимир Трајковски, претседателот на ова здружение вели дека ни престои тешка борба на сите и на родителите и на институциите за да се подобрат состојбите на овој план.

Ја поздравувам оваа иницијатива и ја подржувам. Доколку можам и ќе помогнам за реализација на истата, вели Проф. Д-р Владимир Трајковски, претседателот на македонското научно здружение за аутизам.  Во Струмица веќе шест години успешно функционира паралелка во која учат деца со аутизам. Се е можно доколку се сака,  потенцира предтседателот.

Трајковски порача да се поработи на доедукација на дефектолозите за работа со вакви деца и да се отворат паралелки и во другите градови бидејќи оние деца кои имаат полесна форма на аутизам многу успешно можат да се вклучат и во образовните текови, но и во општесетвениот живот. Трајковски потенцираше дека има случаи во светот кога аутистични деца  завршиле и високо образование.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top