Тие ретко го пријавуваат тоа бидејќи се плашат.
Оние кои се јавуваат се возрасни лица блиски на семејството, сведоци на агресијата на која се изложени децата. Само 24 деца жртви, имале храброст сами да го пријават насилството.
Првата детска амбасада „Меѓаши“ го изнесе извештајот на пријавите на злоупотреба и насилство врз деца за период од јануар-декември 2009. Според извештајот се поприсутна е појавата на сексуална злоупотреба врз деца. Физичкото, психичкото и сексуалното насилство во 2009 та год се зголемени на 48,28% што е за 9% повеќе во споредба со 2008 година. Пријавата на проблемите со кои се соочуваат децата и оваа година во најголем процент 353 (93,6%) беше извршена од страна на возрасните за разлика од само 24те (6,4%) пријави од деца, 61,3%, беа дојавувачи од женски пол, а дојавувите од машкиот пол се застапени со 34%. Најголемиот број на пријави се однесуваат токму на проблеми во семејството каде се нарушени семејните односи и релации. Децата се сведоци на нарушената комуникација помеѓу родителите, меѓусебна нетолеранција, сведоци се на многу конфликтни ситуации и изложени се на агресија, токму во семејството. Податоците покажуваат дека се поприсутна е и пријавата на сексуална злоупотреба врз децата. Загрижувачко е тоа што половината од пријавените случаи беа случаи на родосквернавење. На второ место со 52 дојави се наоѓаат проблеми поврзани со разводи, доделување на старателства и одредување на решенија за видување. Тука повторно доаѓа до израз постоењето на семејната дисфункционалност и недостатокот на комуникација во семејствата каде што врските се попречени. Кога насилството се случува во семејството потребно е итно реагирање и отсранување на насилникот и освен санкциони мерки неопходна е и ресоцијализација.
Психичкото насилство на релација наставник-ученик исто така беше често пријавувано.
Генерално во нашето општество постои потреба од дополнителна обука на наставниот, здравствениот, социјалниот и останатиот кадар кој работи со деца, со цел подигање на свесноста од сериозноста на последиците по детскиот развој од несоодветно и непрофесионалното извршување на дејноста која што ја обавуваат.
Препораки до државата да направи измени во Кривичниот законик за зголемување на казните за прекршителите на детските права и преземање на сите потребни мерки за да се обезбеди заштита на детето од сите облици на злоупотреба и запоставување.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град