Основновците од училиштето “Кочо Рацин“ имаа можност барем за кратко да се најдат во улога на Градоначалник, Секретар, Претседател на совет и советници. Тие ја посетија Локалната Самоуправа за одблиску да видат како таа функционира.
Трето одделенците од Основното Училиште “Кочо Рацин“ денес имаа можност барем за кратко да се најдат во улога на Градоначалник, Секретар, Претседател на совет и советници. Тие ја посетија Локалната Самоуправа за одблиску да видат како таа функционира и како изгледа општинската зграда. Домаќин на учениците беше секретарот Димитар Спасески кој ги запозна со начинот на работење на општинската администрација.
При денешната обиколка низ просториите во општинската зграда дечињата добија информација секако прилагодена на нивната возраст, за начинот на работењето на Општината и носењето на одлуки кои и нив како најмлади жители ги засегаат. Младите се запознаа со надлежностите на Градоначалникот, Секретарот, на Претседателот на Совет, на Советниците и на останатите стручни служби, истакна секретарот Спасески.
Основците поставуваа најразлични прашања до Секретарот најчесто од сферата на спортот и инфраструктурата. Тој трпеливо ги ислуша и се ибиде да ја задоволи нивната љубопитност. Нивните наставнички рекоа дека ваквите посети многу ќе им помогнат и нив и на децата во изучувањето на материјата поврзана со Локалната самоуправа
За најмладите најинтересен беше кабинетот на Градоначалникот и салата во која се одржуваат седници па посакаа и тие да бидат идните градски функционери.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град