Дебрчани ќе почекаат за референдум

Денес на седница на опшина Дебрца требаше да се гласа за распишување референдум на кој жителите требаше да се изјаснат по ова прашање, но седницата беше прекината откога советниците од СДСМ ја напуштија.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Денешната седница на советот на општина Дебрца, прекината. На неа по иницијативата на градоначалникот Игор Трајкоски требаше да се расправа за распишување референдум на кој жителите требаше да се изјаснат за планот за изградба на регионална депонија во атарот на селото Годивје. Градоначалникот изрази жалење за ваквиот тек на настаните.

Советниците од СДСМ ја напуштија седницата со што беше оневозможена поддршката на одлуката за референдум каде што жителите ќе го искажат своето мислење по ова прашање и ќе добиевме највисок правен акт за спречување на изградбата на регионалната депонија, нагласи Трајкоски.

Според претседателот на советот, Даниел Огненоски ваквата постапка на советнците е чисто политичка. Со ова според него тие наместо да водат грижа за интересите на жителите, почнуваат предизборна кампања.

Советниците од СДСМ, деловнички побараа пауза од 10 минути, а потоа, воопшто не се вратија во салата за седница. Поради тоа, бев принуден да ја прекинам вонредната седница која повторно ќе биде закажана деновиве, изјави Огненоски.

Градоначалникот тврди дека во изминативе денови постојано е изложен на навреди, клевети и лаги во однос на донесување на одлуката за изградба на депонија. Тој вели дека и покрај тоа стои на ставот да не се гради депонија во Општина Дебрца. Трајкоски доставил допис до МЖСПП во кој, како градоначалник кажува дека на територијата на Општина Дебрца нема соодветна локација за изградба на депонија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top