„Депонија во Општина Дебрца не треба да има“, дециден градоначалникот, Љупчо Којчиноски.
„Депонија во Општина Дебрца не треба да има“, дециден градоначалникот, Љупчо Којчиноски.
Тој има поинаква визија за тоа каде треба да биде лоцирана регионалната депонија.
Иако селото Арбиново е една од локациите каде се предлагаше да никне регионална депонија во југозападниот плански регион, мештаните не сакаат ниту да слушнат за реализација на оваа идеја. Објаснуваат дека станува збор за простор идеален за развивање на еколошкиот туризам и органско земјоделство, а со изградбата на депонијата би станал синоним за депонија. Градоначалникот на Дебрца Љупчо Којчиноски е категорично против оваа иницијатива.
Без разлика за тоа што станува збор за елабориран проект со кој нема само да се депонира сметот, градоначалникопт на Дебрца предлага локацијата да биде во близина на поголемите општини како Охрид, Кичево и Ресен. Тоа се општини кои имаат проблеми со одлагање на сметот. Градоначалникот Којчиноски потенцира дека локацијата која се предлага за депонија моментално е под концесија на градежното претпријатие „Трудбеник“. Арбиново е само една од локациите кои се посочени за изградба на регионалната депонија. Исто така тука се и Буково, Делогожда, Прискупштина и Мали Влаи. Поради ова општина Дебрца соодветно ќе реагира.
Министерството за животна средина и просторно планирање треба да објави Меѓународен јавен тендер за изградба на регионални депонии во шесте плански региони во Македонија каде што е планирано да се депонира селектира и рециклира отпадот. Сепак Градоначалникот на Којчиноски додаде дека според просторниот план на РМакедонија, изградба на регионална депонија на територијата на општина Дебрца не е предвидена.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град