Управување со гробните површини во селата во општина Дебрца е нова дејност која ќе се воведува во рамки на ЈП за комунални дејности Градоначалникот Игор Трајкоски ја прибира потребната документација. Досега немале законска можност за тоа, но со иземените на Законот за гробишта и погребални услуги, им се нуди таква можност.
Општина Дебрца подготвува терен за нова дејност, управување со гробните површини во селата. Како што веќе информиравме, во месец мај годинава, општинските јавни претпријатија кои управуваат со гробиштата, за три месеци под своја капа требаше да ги преземат гробиштата од селата и приградските средини, по препорака од Владата на РМ. Околку оваа проблематика, како ќе биде тоа уредено во општина Дебрца појаснува градоначалникот Игор Трајкоски
„Сеуште кај нас тој проблем е во надлежност на Црковните одбори по селата, бидејќи и самите гробишта се на имот од црквата и на тој начин се решава. Ние направивме некои напори меѓутоа ЈП што го имаме кај нас да има дополнителна дејност да дава такви услуги, меѓутоа имавме проблем со Законот не можеше како ЈП да врши такви услови, мислам дека законот е променет и во нареден период размислуваме за да ги нудиме и ние како оптина тие услуги“ – нагласува Трајковски.
На прашањето дали би можело охридското ЈП „Градски гробишта“, да ја обавува оваа дејност во нивната општина, градоначалникот со краток одговор.
„Во оваа општина не може да го преземе, зошто тоа е формирано на територијата на општина Охрид“ – вели Трајкоски.
Како што информираше градоначалникот Трајковски, овој проблем на мештаните на општина Дебрца треба да им се реши час поскоро, како би биле задоволни, и како би се постапило согласно законските одредби во делот од Законот за гробишта и пограбални услуги. Инаку, причина за преземање во своја надлежност на гробиштата во руралните средини од страна на општинските јп биле укажувањата на Инспекцискиот совет, дека пограбалните оператори не ги доставувале сите потребни документи за починатите лица на територијата на Локалните самоуправи.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град