За прв пат во општините Охрид и Дебрца се објавува конкурс во кој се бараат најстариот жител или жителка и пар со најдолг брачен стаж.
За прв пат во општините Охрид и Дебрца се објавува конкурс во кој се бараат најстариот жител или жителка и пар со најдолг брачен стаж.
Оваа идеја доаѓа од креативните активисти на Црвениот крст од Охрид, а во пресрет на одбележување на неделата за грижа на старите лица од 5 до 12 декември. Ги повикуваат сите кои познаваат лица кои ги исполнуваат овие критериуми од нивното семејство, соседството, роднините или пријателите да ги пријават или да им кажат да го направт тоа. Од Црвениот крст велат дека намерата им била активно одбележување на неделата за грижа на старите лица , но на интересен и невообичаен начин. Во основните училишта ќе се одржуваат типизирани предавања за да се изградат хумани чувства кај најмладите во однос на старите лица.
Конкурост ќе трае до 15 ноември, а за избраните кандидати ќе има интересни подароци. Оваа година неделата за грижа на старите лица се одбележува под мотото „За сончева есен на животот“.Во Македонија бројот на старото население расте и се очекува во иднина тренд на зголемување.За забрзано демографско стареење зборува и податокот дека процентот на населението со над 65 години во 1995 година било 8,7 посто,а во 2005 11,1 процент.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град