Дали во Охрид има доволно бесплатни паркинзи?

Иако има одреден број паркинзи каде што паркирањето е бесплатно, сепак станува збор за локации кои се движат кон периферијата на градот, а подалеку од централното градско подрачје.

 |  Мишел Наумоски  | 
parking

Паркинзите вечна тема за охриѓани. Особено вниманието го привлекуваат оние бесплатните каде охриѓани може да паркираат без надомест, под услов да најдат слободно место. Бесплатен паркинг пред основното училиште „Братство Единство“ кај Крст Џамија, по должината на улицата „7ми Ноември“ до автобуската станица од едната страна, потоа едната страна од улицата „Јане Сандански“, дел од „Македонски Просветители“ пред полицијата како и дел од булеварот „Туристичка“.

gradski parkingОва се локациите каде охриѓани може бесплатно да паркираат иако потврда за тоа не добивме од локалната самоуправа која со одлука на советот одлучува кои паркинзи ќе останат слободни, а кои ќе одат во владение на ЈП „Билјанини Извори“ кое стопанисува со паркинг просторите во градов. Од таму како информација добивме само неколку одлуки со кои општината му отстапува паркинг простор на ЈП „Билјанини Извори“ кое стопанисува со паркинзите во градов. Во ниту една од одлуките секако дека не пишува каде конкретно паркирањето е бесплатно. Безразлика на локациите, ги запрашавме охриѓани дали тие сметаат дека во градов има доволен број на бесплатни паркинзи.

parkinzi Biljanini“Нема, нема. Поготово во центар нема никако, паркинг нема.”

“Не да сметам туку таа е вистината. Во центаров нема, еве гледате, нема каде.”

“Не. Нема доволно…Тука во центарот, централното подрачје.”

“Не. Нема бесплатни воопшто, и треба да има, жалосно е ова што се случува.”

parkinzi prihodiВо делот на оние паркинзи каде се наплатува, побаравме информации од ЈП „Билјанини Извори“ каков ефект бил остварен во текот на изминатава година. Од „Билјанини Извори“ со одговор дека од вкупниот број на паркинзи со кои располагаат и тоа 20 на територијата на општина Охрид со вкупен број од 320 паркинг места за 2015та оствариле приходи од 14.389.463 денари или околу 230 илјади евра. Според информациите од ова јавно претпријатие, најпрофитабилни се покажале паркиралиштата во централното градско подрачје на булеварот „Македонски просветители“ и „Кеј Македонија“. Еден од паркинзите кои претходно важеа за бесплатни е и паркингот на полигонот за мали спортови. Од „Билјанини Извори“ информираат дека за овој паркинг е склучен договор со ГП „Гранит“ АД Скопје кои фигурираат како сопственици на просторот и дека истиот служи за паркирање на автобуси, иако нашата камера не регистрираше ниту еден паркиран автобус.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top