Дали ТП единица да се премести во простории од некогашната касарна


Неодамна  градоначалникот Јован Стојаноски најави дека после целосно ставање во функција на просторот на поранешната касарна „Михајло Апостолски“ кој ќе и припадне на локалната, Територијалната противпожарна единица може да се премести во нејзините простории. Но од пожарната велат дека оваа локација не им одговара бидејќи е многу оддалечена од капиталните објекти во градов па ќе им се отежне доколку треба да интервенираат на некој од нив.

 |  Јаковлева Лионела  | 

ТП единица да се премести во простории од некогашната касарна. Ова неодамна го најави градоначалникот Јован Стојаноски кој рече дека после целосно ставање во функција на просторот на поранешната касарна „Михајло Апостолски“ кој ќе и припадне на локалната, противпожарната и уште неколку институции од градов планирано е да се дислоцираат таму. Но Стојаноски додаде дека претходно ќе се разговара со надлежните дали за нив е прифатливо ваквото решение и дали им одговара ваквата промена на локациајта. Од ТП единица велат дека оваа идеја е стара и датира уште од пред пет години. Но и тогаш и сега тврдат дека новата локација не им одговара бидејќи ќе им предизвика проблеми во нивното работење.

Ако има идеја да се сели противпожарната единица треба да се најде соодветно место, а тоа секако не е во касарната. И пред повеќе години беше споменувана оваа идеја, но е неприфатлива. Таму нема соодветни објекти, многу сме оддалечени од градот, па ако има потреба од интервенција во стариот дел на градот улицата 7ми Ноември е многу непогодна за нашите возила и многу време ни треба за да стигнеме , а секоја минута е драгоцена, вели Горан Маркоски, заменик командир на ТО ППЕ.

Локацијата каде што сега се наоѓа противпожарната единица е идеална, велат вработените. Се наоѓаат во центарот каде на мала оддалеченост се стационирани објектите од капитално значење како што се болници, училишта, градинки, културно историски споменици и др. Но условите во кои работат не соодветствуваат на нивните потреби.

Но овде ни недостасува простор. Немаме каде да ги чуваме возилата, па две возила постојано ни се на надворешни услови. Нема доволно простор ниту за пожарникарите, ниту пак просториите одговараат, вели Маркоски.

Инаку, покрај противпожарната во просториите од некогашната касарна беше споменувано дека ќе се пресели и полицијата, а имаше и такви планови таму да се смести ФТУ со што тогашниот менаџерски тим не се согласи. Останува да се види дали градоначалникот Стојаноски ќе се договори со споменатите институции или во касарната ќе се всели некој сосема трет.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top