Дали ке се стави крај на плакатирањето?

Општинскиот инспекторат ќе става крај на узурпацијата на јавните површини и објекти од страна на правни субјекти за нивно сопствено рекламирање.

plakat
плакат

Општинскиот инспекторат ќе става крај на узурпацијата на јавните површини и објекти од страна на правни субјекти за нивно сопствено рекламирање.

plakatПаричните казни предвидени со законот кои се прилично високи, се надеваме дека ќе ја подигнат свеста на оние кои бескрупулозно истиот го прекршуваат, велат од инспекторатот.

Согласно законот за јавна чистота ЗАБРАНЕТО е лепење на плакати и соопштенија на јавни места кои не се предвидени за таква намена, посочува Танас Танаскоски од општинскиот инспекторат. Редно е да сетави крај на оваа безобразна навика, вели тој.

Казните предвидени за прекршителите се во висина од 2000-3000евра за правниот субјект, 500-1000евра за раководното лице и 50евра за физичко лице.
За да се избегнат вака високите казни, постојат места каде секторот за урбанизам предвидува легално поставување на реклама. Јавните билборди, ситилајт рекламите и уличните светла со светлечки реклами се местата за кои постои уредно издадена дозвола за поставување реклама, вели Бранко Арнаудов од секторот за урбанизам.

И покрај сите предупредувања и високи казни, нашата камера не успеа да регистрира билборд врз кој не се излепени безброј плакати. Од ваквата појава не се поштедени ниту столбовите на билбордите, ниту дрвјата , ниту едно место воопшто каде лицата сметале дека можат да залепат некаква реклама.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top