Дали конечно се најде решение за отпадните води на потегот Градиште-Св.Наум?

Две пречистителни станици по една во Љубаништа и Трпејца ќе ги одведуваат отпадните води на потегот Градиште-Свети Наум. Според физибилити студијата која денес беше презентирана во општината, водата која ќе биде испуштана во езерото ќе биде со висок квалитет. Предложеното решение финансиски подносливо-ветува изведувачот.

 |  Мишел Наумоски  | 
Sv Naum
Sv Naum

Отпадните води на потегот Градиште-Свети Наум ќе се пречистуваат во две пречистителни станици. Според физибилити студијата која ја изработија Хидро Енерго Инженеринг и Поинт про од Скопје, беа предложени 6 можни решенија од кои три се базираа на досегашниот систем на собирање и пречистување на водата. Поради специфичноста на подрачјето изработувачите на студијата гарантираат задолжително терцијарно прочистување на отпадните води. Според нив, водата која ќе биде испуштана во езерото по терцијарното пречистување, ќе биде со исклучително висок квалитет.
„Заедно со Проаква и другите стручни лица се одлучивме за третата алтернатива односно собирање и пречистување на водата од целиот локалитет со две пречистителни станици, едната лоцирана во Љубаништа, другата во Трпејца со приклучување на кампот Градиште на постојниот колекторски систем.“-вели Даниел Панов од Поинт про-Скопје.

prezentacija na proektАлтернативата за која се одлучиле изработувачите на студијата велат ќе биде финансиски најисплатливо и за операторот и за граѓаните. Целта на изработената студија велат е да се добие најмала тарифа на вода по пречистување.

„Алтернативата три даде најмали оперативни трошоци, најмали инвестициски трошоци, а со тоа автоматски се очекува и најниска тарифа на пречистената вода. Оваа алтернатива целосно го решава проблемот, но овозможува и фаза на развој. Целта на овој проект не е да се остварува профит, туку приходите кои ќе се остваруваат да се доволни само за направените трошоци.“-додава Панов.

prezentacija na proektСпоред физибилити студијата, цената на водата по прочистувањето нема да биде различна од постојната.
Во делот на дискусија беше покренато прашањето околу способноста на колекторскиот систем да се справи со преоптеретеноста во текот на летниот период. Анализите кои ги спровеле изработувачите на студијата покажале дека 80% од времето постројките би работеле со минимален капацитет, а само 20% со максимален. Сепак тие велат системот може да се носи со побарувачката за вода во летниот период.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top