Дали Охридскиот народен театар ќе добие нов уметнички директор?

Можна смена на позицијата уметнички директор на Охридскиот народен театар.

 |  Мишел Наумоски  | 
centar za kultura

ТВМ дознава дека досегашниот уметнички директор, реномираниот актер со долгогодишно искуство, Горан Стојаноски, веќе нема да ја извршува досегашната функција.

Goran StojanoskiВо телефонски разговор, Стојаноски не информираше дека во овој момент тој работи единствено како актер во Охридскиот народен театар, и дека за сите информации поврзани со настапи на театарот, репертоар на претстави, во иднина треба да се обраќаме до директорката на Центарот за култура „Григор Прличев“, Драгана Боцеска. Боцеска пак не одрекува дека можно е да дојде до кадровски промени на функцијата уметнички директор на театарот но не открива ништо пококретно. Според директорката, одлуката за повлекување на Стојаноски од оваа функција била поради негови лични причини, но вели дека ќе причекаат извесен период во случај тој да се премисли. Доколку тоа не се случи, директорката Боцеска вели дека на тоа место ќе биде назначено друго лице, но дека Стојаноски ќе ја извршува работата додека тоа лице не биде официјално назначено. Информира дека во меѓувреме, интензивно се работи на подготовка на театарските проекти кои се дел од годинешната програма на Охридскиот народен театар.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top