Дали невработените веруваат во Агенцијата за вработување?

Агенцијата за вработување мака мачи во обидот да им помогне на невработените лица. Тие спроведуваат серија проекти со цел намалување на бројот на невработени во овој регион, но се чини мала е заинтересираноста кај невработените. Често е потребно и преквалификување на невработените поради специфичните барања на пазарот на труд.

 |  Мишел Наумоски  | 
agencija za vrabotuvanje
агенција за вработување

Стапката на невработеност во државава се чини држи една константност од околу 33 % . Но често се јавува сомнежот дали всушност тоа е вистинскиот број на невработени лица ако се земе предвид дека голем дел од невработеното население работи на црно. Основната институција која работи во насока на намалување на стапката на невработеност се соочува со големи потешкотии во своето работење. Агенцијата за вработување иако постојано нуди нови и нови проекти во насока на обезбедување работни места за невработените лица, заинтересираноста кај истите е минимална. Можеби работите ќе тргнат од мртва точка, со оглед на тоа дека полека но сигурно, невработените ја враќаат довербата во Агенцијата за вработување.

„Во овие последни години, државата вложи напори преку Агенцијата за вработување, за спроведување на голем број на проекти. Преку нас во овој момент течат околу 9 проекти за самовработување со формализирање, и самовработување со неповратни средства-од идеја до бизнис, кредитирање, обука и преквалификација, практикантство, и низа други проекти, така да се поголем е интересот како на работодавачите, така и на невработените лица за услугите кои ги нуди Агенцијата.“-вели Пецо Павловски-Советник за пазар на труд во Агенцијата за вработување.

Peco PavlovskiМакедонскиот пазар на труд се карактеризира со одредени специфики во поглед на видот на образование и стручна спрема која се бара од работодавачите. И додека кај некои гранки има вишок на квалификувана работна сила, некои гранки се соочуваат со недостатоци. Поради тоа често се јавува и потребата од преквалификување на невработеното население.

„На ниво на Република Македонија од неквалификуваните и полуквалификуваните се занимањата шивачи, заварувачи, а од оние со повисоко образование се дипломираните информатичари од насоката програмери.“-додава Павловски.

Сепак се чини како голем дел од невработените лица да бараат работа за да не ја најдат. Причините за ваквата незаинтересираност ја надминуваат секоја логика или пак можеби луѓето не можат да се одвикнат од Балканскиот синдром, па директно сакаат да седнат во директорска фотеља.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top