Дали има лек за охридското здравство

Некои jавни здравствени установи се дават во долгови, а некои пак пливаат во мирни финансиски води.

 |  Лионела Јаковлева  | 
JZU Zavod za kardiovaskularni zaboluvanja
ЈЗУ Завод за кардиоваскуларни заболувања

Rakovodstvo medicinski centarНа крајот на  2008год. Фондот за здравство, со Владина одлука, на сите Јавни здравствени установи во РМ им ги отпиша долговите, така што 2009 ја започнаа со салдо нула. Јавната здравствена установа „Медицински центар“ од Охрид не ја искористи оваа поволност и минатата година повторно ја заврши со долг, овојпат во висина од 57 и пол милиони денари. Директорот на оваа установа, Д-р Љубен Арнаудов, вели дека овој долг е наследен по основ задоцнети фактури и судски пресуди доспеани во овој период, а не е новонастанат. Портпаролот на центарот, Д-р Сашо Василевски тврди дека овој долг е само виртуелен и дека болницата работи во позитива.
И покрај ваквите тврдења на Василевски, останува фактот  дека центарот е должник и дека овие речиси 60 милиони денари треба да се платат.

Но, постојат здравствени организации кои може да се пофалат со успешно менаџирање и години наназад без долгови. Таков е примерот со Заводот за кардиоваскуларни заболувања- Охрид, од каде реагираат дека Фондот за некого бил мајка а за некого маќеа. Директорот, Д-р Никола Бакрачески објаснува дека во текот на 2007, 2008 и 2009 год. оваа Јавна здравствена установа немала никакви долгови па фондот немало и што да и отпишува. Бакрачески потенцира дека во вакви случаи Фондот

За Здравствените установи, кои генерирале долгови и истите им се отпишани, се наметнува констатацијата дека и тоа не им е доволно. Постапката на Фондот тие ја разбираат како делумно покривање на долгот, настанат до крајот на 2008 година. За помалиот дел, настанат по основ задоцнети фактури и судски пресуди доспеани во 2009 година, менаџерскиот тим на медицинскиот центар досега не најде начин да го врати. Дали поради тоа постои реална опасност оваа секундарна здравствена установа да се соочи со блокирана жиро сметка? Д-р Василески смирува дека такво нешто не може да се случи или и ако се случи ќе биде многу краткотрајно.

Факт е дека најголем дел од медицинските центри во Македонија работат со загуба,меѓу кои и споменатиот Медицински центар -Охрид. Објаснувања и оправдувања секогаш постојат.За разлика од нив,  . Директорот на Заводот за кардиоваскуларни заболувања Бакрачески тврди дека и 2010 год. ќе ја завршат без долгови. Тој има свој рецепт за успешно работење. Тоа е успешен менаџерски тим, домаќинско располагање со средствата од буџетот како и поевтини јавни набавки.Ова е еден пример на добро менаџирање кој треба да се следи.

За жал финансиските проблеми не се единствените со кои се соочуваат дел од здравствените установи. Се подолга е листата и на други негативности како што се недостиг на лекови, неадекватен и нељубезен персонал, одлевање на кадри, несоодветни услови и тн.

Додека медицинските установи се снајдат и го изнајдат вистинскиот начин на работа, најмногу ќе страдаат, кој друг ако не пациентите.

{loadposition content}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top