Дали ќе се асфалтира ул. Нада Филева?

Улицата Нада Филева нема да се асфалтира, туку ќе се поплочува. Но реализација на овој проект ќе почека додека Локалната самоуправа на Охрид изнајде финансиски средства. И не само тоа, Локалната, треба да ја зацрта во наредната програма, односно онаа за 2015 година.

 |  Николоска Биљана  | 
saat kula
саат кула

nada filevaНада Филева е една од улиците во старото градско јадро, поточно кај Саат Кулата која остана неасфалтирана повеќе од 7 децении како што кажуваат жителите од овој потег. За нив неприфатливо е како може во 21 век на само неколку метри од центарот на градот, жителите, посебно децата на зима да  поминуваат низ кал.  На лето пак туристите сместени во куќите кои издаваат апартмани да голтаат прашина. Според нив, фактите говорат дека на оваа улица има повеќе од дваесеттина куќи во кои живеат околу стотина жители и се соочуваат со овој проблем.

Жителите на ул „Нада Филева“ во неколку наврати до Локалната самоупрва, односно до Фондот за комунален развој доставиле барање за асфалтирање на улицата или пак поплочување. Сите кои се засегнати од проблемот, со барањето доставиле и петиција до Локалната, но до ден денес од таму не добиле никаков одговор, нагласуваат мештаните.

nada filevaПроблемот со улицата Нада Филева добро и е познат на Локалната Самоуправа. Од страна на Секторот за комунален развој била утврдена фактичката состојба. Според секретарот Димитар Спасески, стручните служби на општина Охрид увиделе дека со оглед на тоа што се работи за место во строго заштитено подрачје, не се препорачувало асфалтирање, туку како решение доаѓа во предвид поплочување со камени плочки.

„На тој начин со изработката на проектот ќе ги видиме сите параметри и во моментот кога ќе биде обезбедена финансиската конструкција ќе се пристапи кон решавање на овој проблем. Инаку на другите краци од оваа улица уште на самиот почеток од мандатот кога утврдивме дека цели кратери се отворени на тие места, пристапивме кон асфалтирање и го уредивме тој простор. Така што како општина Охрид и како Локална самоуправа пристапуваме на сите проблеми со цел да најдеме темелно и трајно решение, значи нашата интенција не е само да се постави асфалт и да се затвори ова прашање туку е далеку посуштинска односно размислуваме за секој дел од градот како треба да биде уреден, со цел да се заштити автентичноста на тоа подрачје. nada filevaСе надеваме дека многу брзо ќе успееме да отпочнеме со реализација на тој проект“ – изјави општинскиот секретар.

Спасески исто така кажа дека целиот простор околу Саат Кулата хортикултурно ќе го уредуваат, односно предвиделе да направат едно мало паркче на тој дел согласно стандардите.
Но покрај овој горлив проблем жителите на ул  Нада Филева посочија и други проблеми како на пример, дека нема апсолутно никакво осветлување улицата што води кон Горна Порта, Плаошник, Канео, Амфитеатарот, кои се едни од најпосетуваните места не само во сезоната туку и преку целата година од страна на бројни туристи. Исто така се пожалија дека има огромни дупки, како и тоа дека нема патокази па туристите не знаат како да стигнат до местата кои сакаат да ги посетат во старото градско јадро.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top