Најтешко е кога сиромаштијата и болеста одат рака под рака

Почина 44 годишната охриѓанка Билјана поради негрижа на доктор, обвинува нејзиниот сопруг Диме Туфески. Тој со солзи во очите раскажува дека неколку пати побарале помош во општа болница Охрид на одделението за неврологија но од таму секогаш ги враќале со изговор дека за Билјана нема место.

 |  Николоска Биљана  | 
negriza doktori
негрижа доктори

negriza doktoriПочина 44 годишната охриѓанка Билјана поради негрижа на доктор, обвинува нејзиниот сопруг Диме Туфески. Тој со солзи во очите раскажува дека неколку пати побарале помош во општа болница Охрид на одделението за неврологија но од таму секогаш ги враќале со изговор дека за Билјана нема место. Туфески ги повикува надлежните да му одговорат кој сега е виновен за смртта на неговата сопруга и дали некој треба да сноси одговорност за тоа.

„Сум многу иритиран заради смртта на мојата сопруга. Иритиран сум поради тоа што докторката Васка што е на неврологија не сакаше да ја прими еве трет месец е носена таму кога и да дојде вратена е и по таа причина таа почина вчера во 8 часот. Немало место и ја врати назад. Разговарав со началникот на брзата помош ми рече дека васка не ја примила од која причина не сакаа да објаснат – вели Туфески.

negriza doktoriОваа несреќа која го снајде семејството Туфески ги потресе и соседите на сега покојната. Тие велат дека ова семејство живее во невидена сиромаштија, помагале колку што можат како соседи.

„Лично јас бев со брзата помош за да ја задржат на болница, немаме место, во три месеци јас мислам дека требаше да има место, таа беше непокретна јас лично ја носев тие ја гледаа сирмашка, необлечена. Во оваа ситуација во која што живеат луѓево, јас во толку години немам видено како комшија до нив нема дојдено никој да дојде да ги посети“-велат соседите.

Подетални информации за случајот побаравме од Општа болница Охрид. Од таму ни потврдија дека пациентката Билјана Туфеска последен пат била донесена на невролошкото одделение на 26 јануари годинава, односно 4 дена пред да почине.

negriza doktori„Можам да ве инфомирам следно . Точно е дека од ваша страна добивме информација за случката. Ние до овој момент од ресорното министерство и инспекторатот немаме никаква најава и упатство но пристапивме кон формирање на Комисија која ќе ги испита сите дејствија од прием на пациентот дали тој истиот е прегледан дали е дадена терапија каква терапија за кого се работи. До овој момент јас немам одговор комисијата во рок од 24 сати мора да формира писмено мислење и ние очекуваме во текот на утрешниот ден да бидеме од комисијата информирани“– изјави Василески.

Поради тешката социјална состојба на семејството Туфески трошоците за погребот на починатата Билјана ги покри центарот за социјални грижи Охрид. Во куќата на семејството Туфески живее ќерката на Билјана со сопругот и мало бебенце и нејзиниот болен син кои немаат никакви извори на финансиски средства.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top